Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен
МАКЕДОНИЈА

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

Објавено March 31, 2026 19:30
Сподели
Сподели

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите најави дека од утре ќе изврши целосно повлекување на сите дадени овластувања за постапување меѓу обвинителствата, освен во Кочани, Крива Паланка и Ресен, каде поради недостиг на обвинители овластувањата мора да останат активни. Тој нагласи дека сите обвинители ќе бидат третирани еднакво, без фаворизирање, а во однос на предметот за „Кочани“ ќе има посебен, институционален третман поради неговата исклучителна комплексност.

Одговарајќи на прашање за последните одлуки на Советот на јавни обвинители и за промените во составот на обвинителите кои постапуваат по сензитивни предмети, Савески рече дека персоналното врзување обвинители со конкретни предмети е „погрешна пракса“ и дека континуитетот на постапките мора да биде обезбеден преку институционален, а не личен капацитет.

-Јавниот обвинител е менлива категорија. Предметот мора да има континуитет независно од тоа дали обвинителот е реизбран или не, истакна Савески, додавајќи дека секој обвинител има обврска да се соочи со предизвиците на работата, вклучително и со преземање веќе активни предмети.

Говорејќи за континуитетот на предметите што ги водеше обвинителката Ивана Трајчева кои се однесуваат на полициските службеници, поврзани со трагедијата во Кочани, Савески посочи дека не смее да се создава впечаток дека само еден обвинител може да обезбеди квалитетно постапување.

-Ивана е извонреден обвинител. Мојата почит кон нејзината работа е позната. Но обвинителството не смее да зависи од едно лице, рече тој.

Во делот за Советот на јавни обвинители кој едногласно ја отфрли иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината професионална самостојност се вршат надворешни влијанија и притисоци, Савески посочи дека таа единствена досега се повикала на законската можност да бара заштита на интегритетот. Тој објасни дека не станува збор за политички притисоци, туку за постапка која во законот постои за случаи кога претпоставени структури би можеле да го загрозат самостојното постапување на обвинител.

-Интегритетот обвинителот си го штити самиот, со своето постапување. Но во законот постои механизам и тоа е легитимно право. Советот го разгледа и формира мислење. Аргументите за тоа, за мене, беа прифатливи, рече Савески.

Во однос на сензитивните случаи, тој изјави дека не очекува одложувања ниту пад на квалитетот, и дека обвинителите кои ги преземаат предметите ќе бидат подготвени да се вклопат во постојните процеси. Како пример наведе дека досега имало многу ситуации во кои обвинители преземале комплексни предмети во напредна фаза, но успешно ја продолжиле постапката.

Савески најави и уредување на системот на овластувања во обвинителствата. Според него, затекнал „хаотична состојба“ со голем број дадени и повлечени овластувања без единствена евиденција. Најави дека сите овластувања ќе бидат повлечени и повторно разгледани, со исклучок на овластувањата во Кочани, Крива Паланка и Ресен, каде што поради недостиг на обвинители е неопходно продолжување на досегашниот модел.

Посочи дека за предметите од висок јавен интерес, како и за тековните случаи поврзани со тешки несреќи и организиран криминал, ќе се обезбеди несметано постапување. Нагласи дека нема да дозволи да се создаде впечаток дека некој предмет останал без обвинител.

-Ниту еден предмет нема да биде оставен без застапување. Ќе има обвинител за секој случај, рече Савески, реагирајќи на новинарски прашања за известувањата околу одложените рочишта кај дел од сензитивните предмети.

Во однос на политичките изјави и јавните прозивки, тој потенцира дека јавното обвинителство не постапува по политички повици и дека кривичните пријави се процесуираат согласно законските обврски, а не по јавен притисок.

Тој додаде дека поддржува дигитализација на процесите, за секој обвинител да биде оценуван врз основа на мерливи параметри, динамика на работа, квалитет на одлуки, сложеност на предмети и резултати.

Савески се осврна и на случаите каде ревизорските извештаи се основа за кривични пријави, нагласувајќи дека Државниот завод за ревизија редовно соработува со обвинителството, а по секој пријавен случај се постапува доколку постојат индиции за кривично дело

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија У21: Македонските фудбалери ја совладаа Ерменија
Следна Статија Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Развој на воена индустрија во Македонија е шанса за нови работни места и влијание во НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека се реазгледува идеја за создавање државна програма што ќе ги поддржува македонските млади…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиески во убедливо водство во Скопје

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски му ја честита победата на Трамп: Со нетрпение очекувам да работам со мојот пријател Гренел за да ја унапредиме нашата заедничка визија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, испрати честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата изборна победа. -Со…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови

Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски.…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?