Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел
ЗАБАВА

Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел

Објавено February 20, 2026 17:36
Сподели
Сподели

Црквата Саграда Фамилија во Барселона денеска ја достигна својата максимална висина од 172,5 метри, иако завршувањето на работите е предвидено за неколку години, соопшти нејзината управа.

Кран го постави горниот дел од крстот на врвот на „Кулата на Исус Христос“, централниот дел од Саграда Фамилија, со што таа сега е највисоката црква во светот.

Камен-темелникот на Саграда Фамилија беше поставен во 1882 година, а нејзиниот архитект Антони Гауди никогаш не очекувал дека ќе биде завршена за време на неговиот живот.

Работите се забрзаа во последните неколку децении, бидејќи црквата стана главна туристичка атракција за луѓето ширум светот.

Внатрешноста на „Кулата на Исус Христос“ сè уште се обработува, а нејзината надворешност е опкружена со градежни кранови и скелиња, кои се очекува да бидат отстранети до јуни годинава, кога треба да се одбележи стогодишнината од смртта на Гауди.

Гауди планирал крстот на црквата да има четири краци за да може неговиот облик да се препознава од која било насока. Оригиналниот план за изградба вклучува и зрак светлина што сјае од секој крак на крстот, симболизирајќи ја улогата на црквата како духовен светилник“, изјави ректорот на Саграда Фамилија, Жозеп Турул.

Саграда Фамилија ја посетуваат милиони туристи секоја година, а парите од билетите главно се користат за финансирање на остатокот од изградбата. Таа стана највисоката црква во светот во октомври минатата година, кога се издигна над кулата од 161,53 метри на германската готска лутеранска црква Улмер Минстер во германскиот град Улм. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири хороскопски знаци ќе пливаат во пари после 20 март
Следна Статија Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Нега на лицето за време на бременост: што смеете, а што никако не треба да правите

Бременоста е едно од најубавите, но и најделикатните животни поглавја – период исполнет со големи промени, и во телото и…

November 30, 2025
ЗАБАВА

НЕПРИЈАТЕН МОМЕНТ ВО ВИНДЗОР Меланија ја откачи кралицата Камила штом ја здогледа Кејт

Кралицата Камила накратко се најде во незгодна ситуација додека во замокот Виндзор ги пречекуваше Доналд и Меланија Трамп за време…

September 18, 2025
ЗАБАВА

Ова се некои од најубавите Божиќни базари во Европа

Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божиќни базари, коишто не се само места каде што можете да се…

November 26, 2024
ЗАБАВА

Мадона раскина со 38 години помладото момче: Причината е истиот проблем што го имала во претходните врски

Мадона (66) раскина со партнерот Аким Морис (28), пишува The Mirror. Јавноста почна да ги поврзува во јули, кога беше…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?