Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Садики: Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Садики: Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река
МАКЕДОНИЈА

Садики: Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река

Објавено April 1, 2025 22:07
Сподели
Сподели

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.

-Во Село Батинци, во Маркова Река има надојдено повеќе вода. На неколку места има излевање од речното корито. Ангажиравме две-три машини малку да ја санираме состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, засега има прекин на врнење на дождот, а во околните куќи околу Маркова река има влезено вода во дворовите. Мислам дека за населението не е многу ризично за евакуација, засега има материјални штети по дворовите на неколку домаќинства, рече тој.

Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу, додаде дека нема опасност од поплави, и се во постојана координација со градоначалникот на Кисела Вода и Студеничани.

-Нашите екипи се упатени на лице место, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се породи пратеничката која со солзавец ја испрска српската опозиција
Следна Статија Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Жив скопјанец цели 25 години се води како мртов, институциите се прогласуваат за ненадлежни наместо да ја исправат грешката

Дури 25 години скопјанецот Афет официјално се води како мртов, а тој е жив и со години води безуспешна институционална…

July 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра

За недовербата или довербата во македонското судство која е едвај два проценти говори и случајот за недоспаен долг од близу…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Секој еден, без исклучок на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата

Сакам да ја известам целокупната македонска јавност дека правиме се што е во наша надлежност, знаење и капацитет во врска…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?