Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
ЕКОНОМИЈА

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

Објавено August 20, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Американското Министерство за трговија објави дека ја проширува листата на царини на производи од челик и алуминиум, со што се опфатени повеќе од 400 категории, вклучувајќи ветерници, домаќински апарати, тешка механизација, железнички вагони, мотоцикли, бродски мотори, мебел и стотици други производи.

На овие производи ќе се применува царина од 50 отсто за содржината на челик и алуминиум, додека остатокот ќе биде оданочен со редовната државна стапка.

Според финансиската компанија „Еверкор ИСИ“, мерката опфаќа увоз вреден над 200 милијарди долари минатата година и ќе ја зголеми ефективната царинска стапка за околу еден процентен поен.

На новата листа се наоѓаат и автомобилски издувни системи, електричен челик за производство на електрични возила, делови за автобуси и клима-уреди, како и апарати како фрижидери, замрзнувачи и сушари.

Група странски производители на автомобили предупредија дека САД немаат доволни домашни капацитети за да ја задоволат побарувачката.

Компанијата „Тесла“ неуспешно бараше исклучување на челичните производи што се користат во електромоторите и ветерниците, наведувајќи дека во земјата нема производствени можности за тој вид челик.

Новите тарифи стапуваат во сила веднаш и опфаќаат и компресори, пумпи, како и метал во амбалажа за козметика и производи за лична хигиена.

– Оваа акција го проширува опсегот на царините и ја поддржува ревитализацијата на американската челична и алуминиумска индустрија, изјави заменик-секретарот за трговија Џефри Кеслер.

Производителите на челик претходно доставија петиција до администрацијата со барање да се прошират царините и на дополнителни автомобилски делови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минимална победа на Реал над Осасуна во почетното коло од Ла Лига
Следна Статија Две карти, две реалности: Зеленски и Трамп гледаат поинаку на фронтот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново

Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да…

January 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доларот расте на светските девизни пазари

На девизните пазари вредноста на американскиот долар повторно се зголеми во однос на дел од најважните светски валути. Зајакнувањето на…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?