Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Саздов просведочи за кобниот момент: Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Саздов просведочи за кобниот момент: Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи
ХРОНИКА

Саздов просведочи за кобниот момент: Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи

Објавено April 1, 2026 17:15
Сподели
Сподели

Неколку дена пред 2 март 2026 година, Ивана цело време му пишувала дека веќе не може да издржи, многу и било тешко, не можела да го поднесе сопругот Стојанче, била многу исплашена, психички падната. Вака сведочеше денеска сведокот Мартин Саздов.

Пред 2 март, вечерта му пишала порака. „Мартин те молам не ме оставај, многу ми е тешко, не можам да го издржам ова. Но, додаде, јас сум заспал и не сум и вратил. Сабајлето ја видов пораката и отидов кај неа на работа да ја видам. Околу 10:30 часот, додаде тој. Разговарале да оди кај мајка и.

-И викав не дај Боже, еден ден ќе те убие. Таа ми велеше не можам Мартин, не можам да го оставам станот, ќе останеме на улица со Катја, Катја си ја сака и си ја бара собата, сведочеше Саздов.

Потоа Ивана му се јавила исплашена. -Ми рече, те молам врати се, Стојанче е тука, додаде тој. Стојанче почнал да ја тепа.

-Почнав да го влечам, му реков не ја удирај. Курвата ми кажа дека ти си ме наместил, рече Стојанче, а Ивана, дека не е точно и манипулира. Пак ја тепаше, ги разделив, сведочеше Саздов.

Ивана седнала одзади во возилото, а и Стојанче влегол во автомобилот. Мартин ја замолил Ивана да се врати на работа, но, не сакала. Стојанче ја вреѓал и почнал да ја мава со боксови.

– Курво една, ќе видиш со кого си фатила работа, немој да мислиш дека ви се плашам, велел Стојанче, како што сведочеше Мартин. Ивана се онесвестила, Мартин застанал на сред улица за да ги раздели.

Стојанче ми рече „остави ја курвата, ништо не и е, сега ќе и го земам телефонот од раце, ќе видиш како ќе стане“. Се обиде да го стори тоа, таа се освести, а Стојанче рече „види ја курвата како глуми“.

Влегле во суд, Стојанче да се пријави. Се пријавил. Потоа излегле.

-Ивана стоеше до возилото и зборуваше на телефон. Стојанче ја прашуваше со кого зборува, а таа одговараше со мајка ми, со мајка ми. Стојанче инсистираше да види, сведочеше Мартин.

Стојанче мислел дека таа повторно го пријавува во полиција, ја вреѓал. Ивана не сакала да му го даде телефонот за да не и го скрши. Потоа му го дала на Мартин од негови раце да види Стојанче тоа што сака. Потоа Ивана побарала да разговара со Стојанче настрана. Тој пак почнал да ја тепа Ивана, со двете раце одеднаш. Ивана се јавила во полиција и пријавила на 192. Стојанче тогаш се смеел, кога видел дека пријавува во полиција, рекол „курво една, ништо не можеш да ми направиш, ќе видиш со кого си фатила работа“.

Полицијата ја тргнала Ивана настрана и разговарале, а потоа и со Стојанче разговарале. Полицајците им ги вратиле личните карти на Ивана и Стојанче и им рекле „решете си го проблемот“. Со Стојанче се качиле во возилото, тој побарал да го однесе дома. Ивана одела накај судот. Полицајците застанале до нивното возило им кажале дека повторно има пријава за закани. Ивана повторно се вратила.

-И реков Ивана кажи им на полицајците кој ти се заканува. Таа молчеше. Тие почнаа да викаат дека уште еднаш ако пријави, ќе и пишат казна за лажно пријавување, појасни Саздов.

Подоцна ја земале Катја од училиште, па се упатиле четворицата кон станот.

-Стојанче ја вреѓаше пред Катја, се закануваше. „Курво една, ќе видиш што ќе ти направам, ќе видиш со кој си фатила работа, да се губиш од станот“, сведочеше тој.

Одговори потврдно, дека Стојанче се заканувал бидејќи сметал дека бил наместен за дрога. Се заканувал и дека ќе и ја земе Катја на Ивана. Ивана и Катја се качиле да си земат работи од станот, Стојанче не сакал да одат сами, „нема да ја оставам курвата сама, ќе се качиме сите заедно во станот“. Ако одам во затвор, ќе искочам и ќе те убијам, тоа го зборувал Стојанче.

-Ивана ми кажуваше и претходно дека Стојанче и се заканувал дека кога ќе излезе од затвор, ќе ја убие, и покажувал пиштол, рече сведокот.

Мартин не сакал да се качи во станот, а му било и страв да не ја тепа пак. Се качиле сите сепак.

-Ивана во раце ја држеше Катја и заедно влегоа во станот. Стојанче по нив. Тој рече – земи курво се што ти треба и губи се од тука, сведочеше Саздов.

Ивана побарала пет минути. Мартин и Стојанче чекале пред врата. Не се слушале гласови. Потоа рекла дека не сака да си оди од станот, а Мартин му рекол на Стојанче да се симнат долу, тие две да се одморат.

-Стојанче рече „пак ми правиш курвински работи, ќе ја сменам бравата“, додаде Саздов.

Рекол дека ќе ги земе Катја и станот, а Ивана се насмеала и рекла прави што сакаш.

„Кур ќе ти го вратам дарот“, викал Стојанче. Ивана и претходно кажувала дека тоа и го кажувал. Ивана ја затворила вратата и ја заклучила. Мартин мислел дека таа ќе се премисли и ќе се симне, па стоеле со Стојанче, кој викал „оваа ми прави курвински работи“.

Таа курва не се убива, не умира, рекол Стојанче, кога Мартин прашал да не си направи нешто Ивана. Потоа Ивана му се јавила на Стојанче, Мартин прашал што разговарале, а тој одговорил дека не разбрал. Ивана пак му ѕвонела, но, не и кревал. Потоа му се јавила на Мартин.

-Стојанче не ми крева, можеш ли да му кажеш да ми крене на камера?, ми рече, соопшти тој.

Стојанче го отворил телефонот и се прекинал повикот. Таа му заѕвонила со камера и Мартин ѕирнал.

-Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи. Викнав „Ивана немој да си направила глупост“, почнав да трчам накај влезот, кога само слушнав силен удар, рече плачејќи Мартин во судницата.

Тој опиша како ја видел Ивана целата во крв, мислел дека Катја е горе. Потоа ја видел и Катја до Ивана. Почнал да вика „ве молам викнете брза помош!“.

Стојанче не отишол да ги види.

-Не, немав храброст, се вмеша Стојанче во судницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ние сме единствена држава што ги намали цените на горивата минатата недела
Следна Статија На Клиниката за гастроентерохепатологија воведени две нови процедури со кои ќе се скрати времето во болница и ќе се овозможи попрецизна дијагностика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите

Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт на фирмата Ремзи Мифтари кои се правосилно осудени на десет…

October 2, 2025
ХРОНИКА

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го…

August 22, 2025
ХРОНИКА

Молитви во тегли за 600 денари им продавале на ожалостените кочански семејства

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископ Јаков, а дополнително измамниците ја…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68) во Велес, претходно биле…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?