Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Салвини до Макрон: „Стави шлем, панцир, земи пушка и оди во Украина“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Салвини до Макрон: „Стави шлем, панцир, земи пушка и оди во Украина“
СВЕТ

Салвини до Макрон: „Стави шлем, панцир, земи пушка и оди во Украина“

Објавено August 23, 2025 16:37
Сподели
Сподели

Франција го повика италијанскиот амбасадор во Париз на разговори откако италијанскиот вицепремиер Матео Салвини го критикуваше францускиот претседател околу неговото инситирање за испраќање европски трупи во Украина, јавува Еуроњуз

На прашањето дали би ги коментирал повиците на Емануел Макрон да испрати војници од европските земји во Украина доколку се постигне договор со Русија, Салвини претходно оваа недела му рече:

„Оди ако сакаш. Стави го шлемот, стави го панцирот, земи ја пушката и оди во Украина“.

Француски дипломатски извори велат дека тие „го потсетиле италијанскиот амбасадор дека овие забелешки ѝ штетат на атмосферата на доверба и историските односи меѓу двете земји… особено кога станува збор за непоколеблива поддршка за Украина“.

Салвини, популистичкиот лидер на десничарската партија „Лига“ и министер за транспорт во конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, беше отворено критичен кон Макрон, особено во врска со Украина.

Макрон се обидува да мобилизира што е можно повеќе поддршка за Украина во случај на прекин на огнот, за што работи со други западни лидери, особено со британскиот премиер Кир Стармер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Храброста на нашите колеги е пример за идните генерации“, порачаа од ЕБР на Денот на Единицата
Следна Статија Оглас од Дубровник хит на „Фејсбук“: Можеби ќе продадеме бубрег за да платиме за станот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Земјотрес го погоди Неапол среде ноќ: oштетени автомобили, повредено лице извлечено од урнатините

Многу луѓе во и околу италијанскиот град Неапол ја поминаа ноќта на улиците или во своите автомобили поради земјотресот. Италијанските…

March 13, 2025
СВЕТ

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на ниво на државна политика, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој…

September 23, 2025

Почина поранешниот американски сенатор Бен Најтхорс Кембел, човекот кој го промени политичкиот пејзаж

Мотоциклистот и одгледувач на добиток беше сметан за бунтовник уште пред да премине во Републиканската партија во март 1995 година

January 1, 2026
СВЕТ

Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“

Централна банка на Русија покрена тужба против клириншката куќа со седиште во Брисел, „Еуроклир“, барајќи отштета од 18,2 трилиони рубљи…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?