Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само ДУИ со пофалби за Марта Кос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Само ДУИ со пофалби за Марта Кос
ПОЛИТИКА

Само ДУИ со пофалби за Марта Кос

Објавено July 2, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична врска со регионот, што само по себе претставува уникатна можност за нас, туку пред сè поради нејзиниот длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на етничките посебности во Европа, стои во соопштението на ДУИ.

Во продолжение реакцијата

Наместо Владата да ја препознае оваа можност и да ги зајакне овие врски, го пропушти шансата да го искористи Самитот на лидерите на Западен Балкан со Европската Унија, и на најнегативен можен начин покажа недостиг на гостопримство и нетолеранција, дури и кон најискрените пријатели на државата.

Не смееше да се дозволи изјавата на Комесарката,дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање. Уште помалку, таа реакција да биде поттикната од извори блиски до власта.

Особено загрижува фактот што Министерот за европски интеграции Орхан Муртезани не сметаше дека е потребно јавно да го одбрани овој став, ниту да го истакне значењето на вредностите кои се темел на институцијата што ја раководи.

Напротив, со своите неточни и релативизирачки ставови, тој стана дел од една линија на однесување која ја доведува во прашање односот со еден од најсилните гласови што ја поддржуваат нашата европска перспектива.

Во време кога државата има потреба од стабилни партнерства и јасно раководство во процесот на интеграција, оваа тишина, и во одредени моменти оправдување на националистичките ставови, не претставува технички, туку политички неуспех.

Министерот за интеграции Муртезани има суштинска одговорност: да го брани европскиот курс, а не да молчи кога тој е нападнат.

Граѓаните заслужуваат посериозно и подостоинствено претставување во овој процес, а нашите меѓународни пријатели, почит, а не организирано потценување одвнатре.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СЕ БАРА ВОЗАЧОТ: МВР со детали за сообраќајката во која маж беше усмртен од мотор на пешачка патека
Следна Статија Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните, СДСМ поднесува 160 амандмани за да ги исправи неправдите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески

ДУИ бара итно повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор. Одлуката ја нарекува срамна и директно ја…

April 10, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

Oткако го шитнаа името, Зорица Заева во Фурка пеела песни од Антонис Ремос

Ставрос Цимас, познат грчки новинар во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Зоран…

June 24, 2026
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Многу идеи се на маса, до вторник ќе се знае за реконструкцијата на Владата

До вторник сè ќе се знае, тогаш ќе го имаме конечниот епилог. Многу идеи и опции се на маса, изјави…

June 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?