Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух
МАКЕДОНИЈА

Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух

Објавено May 20, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Само околу два месеци во годината жителите на Македонија дишат чист воздух во градските населби. Чист воздух се дише само во Кочани, Миладиновци, Охрид и периферијата на Битола, кажаа дел од еко-активистите на денешната надзорната расправа на собраниската Комисија за здравство.

Освен што загадувањето зема човечки животи, познавачите велат дека трпиме и сериозни финансиски загуби поради неквалитетниот воздух.

Според нив, искуствата од други држави покажале дека со соодветна политика може да бидат постигнати резултати во период од три до пет години, а проблемот може да биде комплетно решен за седум години.

Во однос на најголемите трујачи, анализите на еко-активистите покажале дека согорувањето на нафта и мазут, огревното дрво и сообраќајот се трите најголеми предизвикувачи на аерозагадувањето во Македонија.

Инаку, според Европската агенција за животна средина во 2022 година поради хронична изложеност на аерозагадување прерано починале 3 600 македонски граѓани.

Во Скопје пак според проценките на активистите, 1 200 луѓе годишно умираат како резултат на загаден воздух, а УНИЦЕФ проценува дека 11,6 проценти од смртните случаи кај новороденчиња под една година се од аерозагадувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика
Следна Статија Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Откази за 15 високи полициски функционери, се давале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги објави конечните резултати за 44 општини: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Труење е веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино

Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?