Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации
ЗАБАВА

Санторини лежи на вулканска бомба: Многумина туристи ги откажале летните резервации

Објавено April 27, 2025 10:06
Сподели
Сподели

На врвот на стрмните карпи на Санторини се наоѓа светски позната туристичка дестинација во Егејското Море. Но, под неа се крие ризик од разорна вулканска ерупција, пишува Би-би-си.

Пред неколку илјади години, островот доживеал една од најмоќните вулкански ерупции во историјата. Таа ја формирала денешната калдера – огромен кратер окружен со низа острови во облик на потковица. Денес, експертите сериозно предупредуваат: следната ерупција би можела да биде подеднакво разорна.

Новинарите на Би-би-си поминале еден ден на британскиот кралски истражувачки брод „Дискавери“, кој трага по одговори.

Ерупциите на подводните вулкани можат да бидат огромни и исклучително деструктивни“, предупредила професорката Изобел Џео од Британскиот национален океанографски центар, која го предводи меѓународниот научен тим на бродот „Дискавери“. Токму овој брод сега ги мапира опасностите што се кријат под површината на Санторини.

Загриженоста не е теоретска. Само неколку недели претходно, речиси половина од 11.000 жители на Санторини избегаа од островот поради страв, откако серија земјотреси го парализираа секојдневниот живот. Тоа беше алармантен сигнал дека под бајковитите села, гиро-рестораните, базените и лозјата на плодната вулканска почва, се судираат две тектонски плочи, пишува Би-би-си.

Научниците сега користат подводни роботи, софистицирани мапи, па дури и ги слушаат „звуците“ на Земјата – микрофрактури во карпите што укажуваат на движење на течности под земјата.

„Знаеме повеќе за површината на некои планети отколку за дното на ова море“, рекла Џео и додала дека нивната цел е да добијат податоци што би овозможиле навремено предупредување и заштита на луѓето.

Мегаерупција на повидок

Вулканот на Санторини не е единствената закана. Во близина се наоѓа уште еден подводен вулкан Коломбо, кој е исто така активен. Научниците не веруваат дека ќе се случи ерупција во блиска иднина, но предупредуваат дека тоа е само „прашање на време“.

Професорката Параскеви Номику, членка на Грчката агенција за цивилна заштита, објаснила дека проектот е клучен за безбедноста на локалното население. „Истражувањето ќе ги означи зоните до кои пристапот ќе биде забранет за време на ерупцијата и ќе покаже кои делови од морското дно се најопасни“, истакнала таа.

Влијанието на вулканската активност врз економијата веќе се чувствува. Имено многу туристи ги откажале своите летни резервации, а локалните бизниси страдаат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори
Следна Статија Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Роби Вилијамс: На почетокот на годината бев во тешка депресија, не гледав излез

Британскиот пејач Роби Вилијамс во новото интервју откри дека на почетокот на годината страдал од тешка депресија. Тој вели дека…

April 9, 2025
ЗАБАВА

Шиа ЛаБеуф во дивеење низ Нов Orleans за време на Mardi Gras

Променливиот актер, наводно трезен повеќе години, се препушта на провод во Нов Орлеанс пред Fat Tuesday

February 18, 2026
ЗАБАВА

Забавно е да се биде татко на 84 години, вели познатиот актер Ал Пачино

Ал Пачино неодамна посвети многу време на својот живот, бидејќи на 84-годишна возраст напиша автобиографија, Сони Бој, како што го…

October 15, 2024
ЗАБАВА

Три хороскоски знаци кои до есен ќе ги остварат своите цели

Познатиот руски астролог Тамара Глоба најави период на исклучително поволна астролошка енергија, кој од средината на јули до почетокот на…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?