Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани.
Вредноста на оваа набавка, како што соопштија од граѓанската иницијатива, изнесува изнесува 2.193.047 денари, средствата кои се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.
Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.