Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сашко Коцев и Бојана Нушкова се суперхерои во апокалиптично Скопје – Македонија ќе го добие првиот Sci-fi филм со светски специјални ефекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Сашко Коцев и Бојана Нушкова се суперхерои во апокалиптично Скопје – Македонија ќе го добие првиот Sci-fi филм со светски специјални ефекти
ЗАБАВА

Сашко Коцев и Бојана Нушкова се суперхерои во апокалиптично Скопје – Македонија ќе го добие првиот Sci-fi филм со светски специјални ефекти

Објавено March 8, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Инатиум. Ситна светлина надеж во бесконечниот темен универзум. Ова небесно-сино парче скапоцен камен беше причината за мир и благосостојба низ универзумот се до еден ужасен ден. Во сега веќе разрушено Скопје гледаме како вселенскиот брод константно го емитува светлечкиот сноп црвена плазма со цел да ја апсорбира енергијата од јадрото на планетата…“ – Вака звучи краток исечок од сценариото на првиот македонски Sci-fi (научнофантастичен) 30 минутен филм „Инатиум“ во режија на Игор Стојановски.

Се работи за многу динимичен проект со импресивни специјални ефекти, чијашто премиера е најавена за оваа година. Филмот е во изработка на Старфал Филм Академија и Старфал Продукција. Сценариото е напишано од Кристијан Поповски, прв асисент на режија е Бојан Јуруковски, а режисер на сет е Гоце Цветановски.

Филмот ја раскажува вечната Битка помеѓу доброто и злото. Тоа е приказна за истрајноста, одлучноста како и надежта на протагонистите да се спротистават на негативните сили. Во универзум на работ од уништување, древниот кристал Инатиум е клучот за спас.

„’Инатиум’ ги спојува зачудувачките визуелни ефекти со моќна приказна. Од динамичниот дизајн на ликови до сложеното создавање на светот, секој детал е дизајниран за да остави траен впечаток. Нашиот тим од индустриски експерти, поддржан од години практично искуство, го оживеа ова визионерско дело претворајќи ја нашата страст за дигитално филмско творештво во незаборавно патување за публиката“, изјави режисерот Стојановски, кој е и продуцент на филмот.

Главните улоги на суперхерои кои се борат со злото ги играат Сашко Коцев и Бојана Нушкова, за кои Стојановски вели дека одлично ја завршиле својата работа.

„Сашко Коцев, нашиот етаблиран актер со своето искуство и вештина во актерската игра ја доловува приказната на специфичен начин, а талентираната Бојана Нушкова со својот професионален пристап, иако дебитант во улогата на главен актер покажа сериозен актерски потенцијал“, рече Стојановски, откривајќи дека дејствието на филмот се одвива на градскиот плоштад во Скопје, што на оваа дело му дава дополнителна специфичност и чувство на патриотизам и припадност кон родната земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите
Следна Статија Мицкоски: Македонија се гради по 7 години пустош и понижување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

ChatGPT годишен преглед резимира вашите разговори со ChatGPT

ChatGPT воведува нова функција 'Преглед на годината' која ќе ви даде преглед на тоа како сте го користеле апликацијата оваа…

December 24, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Најстарата личност на светот наполни 116 години: Ќе направи една отстапка само поради кралот Чарлс

Британката Етел Кејтерем, за која се верува дека е најстарата личност на светот, денеска наполни 116 години. Таа ќе го…

August 21, 2025
ЗАБАВА

Колку би можела да чини новата GTA VI?

Иако до излегувањето на Grand Theft Auto VI останува нешто повеќе од една година, шпекулациите околу потенцијалната цена на еден…

May 22, 2025
ЗАБАВА

„Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот

Светски познатиот виртуоз на виолончело, Стјепан Хаусер кој беше дел од популарното дуо 2 Celos, и препознатлив по своите страсни…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?