Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведоштво на командирот на ТППЕ Кочани за „Пулс“: Имаше хидрант, но немаше вентил, телата беа натрупани пред влезот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведоштво на командирот на ТППЕ Кочани за „Пулс“: Имаше хидрант, но немаше вентил, телата беа натрупани пред влезот
ХРОНИКА

Сведоштво на командирот на ТППЕ Кочани за „Пулс“: Имаше хидрант, но немаше вентил, телата беа натрупани пред влезот

Објавено February 5, 2026 12:53
Сподели
Сподели

Командирот на територијалната противпожарна единица од Кочани, Драган Апостолов, денеска во судницата во Идризово даде потресен исказ за кобната ноќ во дискотеката „Пулс“. Тој појасни дека интервенцијата почнала во 2:55 часот, при што веднаш била побарана помош од соседните градови поради силината на огнот кој веќе ги зафатил плафонот, шанкот и бината.

Апостолов опиша дека гаснењето било исклучително тешко, а безбедносната опрема во самиот објект била нефункционална. Тој посочи дека и покрај заштитната опрема, и сам се здобил со изгореници поради екстремно високата температура.

„Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени пп апарати од девет килограми“, изјави Апостолов пред судот.

Командирот истакна дека најголемиот број починати и повредени биле пронајдени во тесниот ходник пред главната врата. По локализирањето на пожарот околу 4:30 часот, со дозвола на обвинител, биле извлечени уште три изгорени тела. Според неговото сведочење, кај задната врата на објектот немало настрадани лица, туку целиот метеж бил концентриран на главниот влез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони
Следна Статија Средба Јанушев – Рикер: Потврдена важноста од продолжување на соработката и поддршката меѓу двете земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Избегнат поголем инцидент на протестот во Аеродром: Алкохолизирано лице со електричен тротинет влетало во толпа граѓани

За време на вчерашниот протест во скопската општина Аеродром се случил сериозен инцидент кога лице во алкохолизирана состојба со електричен…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Затвореници се степале во затворот Идризово

На 01.02.2025 околу 22.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Идризово, било пријавено дека околу 16.40 часот во установата,…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Македонец починал на плажа во Грција

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави…

July 22, 2025
ХРОНИКА

НОВА ИЗМАМА: Скопјанка дала 30.000 евра за операција на ќерка ѝ, но доцна сфатила дека е измамена

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?