Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светозаревиќ: Ќе изградиме почисто, побезбедно и поуредено Тетово за сите генерации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Светозаревиќ: Ќе изградиме почисто, побезбедно и поуредено Тетово за сите генерации
ПОЛИТИКА

Светозаревиќ: Ќе изградиме почисто, побезбедно и поуредено Тетово за сите генерации

Објавено October 8, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Бранислав Светозаревиќ, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, на вчерашниот митинг во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакна дека идниот состав на советничката група ќе биде целосно посветен на решавање на клучните проблеми со кои се соочуваат жителите на Тетово.

Тој посочи дека општината аплицирала на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата со 40 проекти во вредност од 13 милиони евра, кои треба да донесат суштински подобрувања во урбаниот развој.

„Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен кон унапредување на квалитетот на живеењето во Тетово. Покрај подобрување на патната инфраструктура, приоритет ќе биде почиста и поуредна средина, решавање на сообраќајниот хаос, воведување на бесплатен јавен превоз, модерно управување со отпадот и обновување на водоводната мрежа“, изјави Светозаревиќ.

Тој најави и серија мерки за младите, меѓу кои отворање на Младински културен центар, Центар за знаење и практични вештини, како и Дигитален центар и Бизнис инкубатор каде ученици и студенти ќе можат да развиваат современи дигитални решенија.

„Со посветеност, труд и визија ќе изградиме Тетово достојно за секој негов жител. Заедно со тимот на советници, нашите коалициони партнери и поддршката од Владата и претседателот Христијан Мицкоски, верувам дека ќе успееме да го направиме нашиот град поубаво и пофункционално место за живеење“, порача Светозаревиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија недостигаат 6.000 медицински сестри
Следна Статија Србија од 1 јануари воведува данок на јаглерод диоксид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека…

April 30, 2026
ПОЛИТИКА

Петровска: „Гордата дипломатија” на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот

ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше година дена, како тоа од водење на горда дипломатија и со наводно „исправена…

July 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски утре ќе оствари средба со Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче. -Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?