Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светската трговска организација ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 година и предупредува на голем пад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Светската трговска организација ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 година и предупредува на голем пад
Blog

Светската трговска организација ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 година и предупредува на голем пад

Објавено April 17, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година поради негативните ефекти од американските царини.

Таа прогноза претставува остар пресврт од претходно проектираниот раст од 3,0 проценти, додека организацијата предупредува дека трговијата може да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше погоден од пандемијата на коронавирус.

СТО соопшти дека новата проценка се заснова на тековните трговски мерки, вклучително и високите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик, автомобили и производи од Кина.

-Многу сум загрижен поради намалувањето на глобалната трговија со стоки. Овој пад има значителни импликации за поширок економски раст, ​​рече генералната директорка на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, предупредувајќи дека трговската несигурност може да влијае на глобалните финансиски пазари и економските сектори.

Според проценките, трговијата со стоки меѓу САД и Кина би можела да падне за 81 отсто, а без исклучоци за одредени производи, падот би можел да достигне и до 91 проценти.

-Доколку дојде до целосно раздвојување, тоа може да доведе до фрагментација на глобалната економија, намалувајќи го глобалниот БДП за седум отсто на долг рок, предупреди Оконџо-Ивеала.

Иако трговијата со услуги не е директно засегната од тарифите, СТО предвидува дека падот на трговијата со стоки може негативно да влијае на секторите како што се транспортот, логистиката и туризмот.

Трговијата со комерцијални услуги се очекува да порасне за четири отсто оваа година, под претходните проценки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Партиите се подготвуваат за локални избори
Следна Статија Бектеши доби нови 30 дена притвор: Постоела опасност од бегство и влијание на сведоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Застој во App Store и Apple TV услугата

Моментален технички проблем со Apple услугите кои влијаат на корисниците

January 22, 2026
Blog

Уште една фабрика во Германија се затвора, малку работници ќе останат

Германскиот производител на автомобилски седишта „Рекаро аутомотив“ доби нов сопственик, италијанската групација „Прома“, а неговите погони во родната Германија ќе…

December 7, 2024
BlogБАЛКАНМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски за одвојувањето на Македонија: Се испраќа лоша порака, само се изживуваат врз нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги…

September 26, 2024
Blog

(ВИДЕО) Сексуалните работници во Белгија од денеска имаат исти права како и другите вработени

Сексуалните работници во Белгија ќе добијат основни работнички права, вклучувајќи го и правото да одбиваат клиенти и да прекинат со…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?