Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Објавено July 31, 2025 14:52
Сподели
Сподели

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инветитор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање, кој ќе биде гигантот што ќе набавува струја од земјава треба да се знае до крајот на август.

-Ќе оставам тоа да го соопшти компанијата-инвеститор до крајот на август. Тие се во завршна фаза на преговори. Се работи за голем бренд кој е во првите три во светот во својата индустрија и ќе користи електрична енергија од ветерниот парк на „Алказар енерџи“, од македонски ветер. Ако биде прифатена мојата сугестија, во делот на тие 300 хектари земјиште „Алказар енерџи“ да инсталира и соларни панели и батерии, тогаш ќе се користи хибриден систем на производство, истакна премиерот.

Мицкоски информира и дека до крајот на годината ќе има осум нови инвестиции, некои ќе потврдат дека почнуваат инвестиција, а некои дека имаат донесено таква одлука – за почнување инвестиција кај нас. Се размислува, подвлече премиерот, и за привлекување инвеститори кои произведуваат воена опрема и оружје, како и дека веќе се водат разговори со неколку такви компании. За оваа намена ќе бидат определни посебни зони.

-Очекувам бранот на инвестиции да се засили откако ќе ги завршиме преговорите со САД за трговијата. Имаме информација дека веќе осум инвестиции до крајот на годината се потрвдени дека или почнуваат или имаат донесено одлука за почнување инвестиција кај нас. Ова е последната информација што ја добив од директорот на ТИРЗ. Тој ме информираше за две добри вести, но нека се потврдат деновиве па ќе ги објавиме во јавноста. Едната вест е дека компанија од фарма бизнисот за 60 отсто ќе ја зголеми инвестицијата, а втората е дека е потврдена компанија за производство на батерии. Покрај овие осум инвестиции, очекувам и инвестиции од компаниите присутни кај нас и такви очекувам најмалку три кои ќе го зголемат извозот за најмалку половина милијарда долари, рече премиерот Мицкоски.

Според него, Владата продолжува да биде партнер на странските инвеститори.

-Тие гледаат дека климата и односот се сменети и поразлични, дека сакаме да помогнеме и дека подаваме рака. Но, покрај стандардното портфолио – автомобилската индустрија, сега се обидуваме да привлечеме и компании во фарма делот и медицината (производство на стентови), истакна Мицкоски.

Тој оцени дека би било наивно државава да не обезбеди посебни зони кои би биле подготвени за производство на воена опрема и оружје кои ќе бидат подготвени да прифатат такви инвеститори што ќе вложат во опрема и оружје. Пазарот на оружје, оцени премиерот, во претстојните години ќе доживее драматичен развој.

-Веќе имаме разговори со неколку такви потенцијални инвеститори кои ја препознаваат земјава како домаќин и ние сакаме да определиме локации за такви зони, тоа драматично позитивно ќе влијае на нашиот БДП, рече премиерот.

Во однос на домашните инвеститори потенцира дека е зголеме растот на кредитите во првиот квартал и изнесува 11,8 отсто, за разлика од 2018 година, на пример, кога бил 5,4 отсто или во 2019-та кога изнесувал 6 отсто.

Бројката е дуплирана. Тоа вели дека има интерес од домашните инвеститори, а тоа е највеќе благодарение на унгарскиот кредит и ниската камата, нагласи Мицкоски. 

–

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат
Следна Статија Пронајдена дрога на покривот на затворот Идризово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија

Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот аеродром

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови. Тоа ќе биде единствен случај не само…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Како доматот поскапува 4 пати од нива до маркет?

Васка Мојсовска од Федерацијата на фармери, вели дека производителите не се виновни за поскапувањето во маркетите биејќи своите производи ги продаваат за…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?