Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светски ден на борбата против ракот – 40 % од случаите можеле да се спречат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Светски ден на борбата против ракот – 40 % од случаите можеле да се спречат
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борбата против ракот – 40 % од случаите можеле да се спречат

Објавено February 4, 2026 18:40
Сподели
Cancer cells, illustration.
Сподели

Само 10% од жените биле опфатени со скрининг на рак на грло на матка. Иако болеста може да се спречи, во земјава годишно заболуваат околу 200 жени, а 40 ја губат битката со болеста.

Државата не двои доволно пари за превенција, алармираат од граѓанските организации, од каде велат дека буџетот за превентивни програми со години стагнира.

– Анализите и искуствата од терен покажуваат дека превентивната здравствена заштита не е приоритет во здравствените политики. Буџетот за превентивни програми со години стагнира. Затоа ја повикуваме Владата и Министерството за здравство итно да ја зголемат финансиската поддршка за скринингот на рак на грлото на матката на најмалку 35 милиони денари годишно, да обезбедат подобра достапност до гинеколошки услуги, да ја зајакнат ХПВ вакцинацијата и да инвестираат во континуирани и сеопфатни здравствени едукативни кампањи.

Освен превенцијата, државата проблем има и со обезбедувањето на навремена терапија за онколошките пациенти…Од фондот за здравствено осигурување тврдат дека работат на тоа да не се јавува недостиг од лекови.

„Се прават анализи и во онкологија и во фондот, при крај е деталната анализа, можам да кажам дека ќе ги пребродиме евентуалните проблеми, со тоа што укажавме на сите установ каде што се третира ракот дека крајно време е да се обнова водичите за лекување на рак, не се обновени од 2008 година, за да видиме каква е ефикасноста на терапијата“, кажа Сашо Клековски – Директор на ФЗОМ

Според податоците на Институтот за јавно здравје, канцерот на белите дробови е меѓу водечките причини за смрт во Македонија. Како ризик фактори за малигните заболувања се наведуваат загадениот воздух, пушењето, прекумерната дебелина, алкохолот, недоволна физичка активност, неправилна исхрана.

Според лекарите уште посериозен здравствен проблем претставува и тоа што во најголем дел од случаите ракот се отркива во напредната фаза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државниот архив објави оригинална шифрирана порака на Гоце Делчев
Следна Статија Мицкоски за блокадите на граѓаните без возачки дозволи: Побарав од министерството за внатрешни работи жестоко да одговори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нерешено со Португалија: Македонија останува во игра за втората фаза

Македонија одигра нерешено со Португалија со што останавме во игра за пласман во втората фаза. 29-29. Maкедонија беше подобра во…

January 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Комуналец“

Откако минатата недела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод…

October 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Кујната во ОУ„Димо Хаџи Димов“ во Влае под клуч од ДЗСИ, се чекаат резултатите од испитувањата

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) итно ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, откако голем број…

November 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?