Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светското клупско првенство ќе продолжи, ќе се одржува на секои четири години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Светското клупско првенство ќе продолжи, ќе се одржува на секои четири години
СПОРТ

Светското клупско првенство ќе продолжи, ќе се одржува на секои четири години

Објавено July 11, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Шефот на Одделот на ФИФА за глобален развој на фудбалот Арсен Венгер ги отфрли критиките дека Светското клупско првенство е „најлошата идеја имплементирана во фудбалот“ и најави дека турнирот во иднина ќе се одржува на секои четири години.

Венгер оцени дека Светското клупско првенство, кое во нов формат со учество на 32 клубови се одржува во ова лето во САД за прв пат во историјата, е успешно, со висококвалитетни натпревари и поголема посетеност од очекуваната.

Поранешниот тренер на Арсенал изјави дека 32 тимови уживале во искуството и оти „100 проценти сакаат повторно да играат“.

Минатата сезона, бројни фудбалери, клубови, медиуми и навивачи, вклучувајќи го и поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, го критикуваа новиот формат на Светското клупско првенство поради големиот број натпревари, скратениот одмор за играчите и можни повреди поради згуснатиот календар.

„Секој има право на мислење, а јас воопшто не го делам ставот на Јирген Клоп. Мислам дека Светското клупско првенство е неопходно. Ако ги прашате сите клубови што биле тука, 100 проценти би одговориле дека сакаат повторно да го сторат тоа. Тоа е најдобриот одговор на прашањето што мислат клубовите за Светското клупско првенство“, рече Венгер.

Венгер потврди дека турнирот ќе се одржува на секои четири години.

„Следниот ќе биде во 2029 година. Тоа отсекогаш било случај“, рече тој.

ФИФА соопшти дека околу 2,5 милиони навивачи присуствувале на натпреварите во САД, од кои 148.098 ги гледале двата полуфинални натпревари претходно оваа недела во Њу Џерси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Подгответе се за вистинска љубов: Најдете ја вашата сродна душа во три едноставни чекори
Следна Статија Беше херој на Македонија, а сега ја пцуе државата: Кој е фудбалерот кој пееше „Дирлада, да го е..м цело Скопје и вашата држава“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Го уценувал семејството на Михаел Шумахер и барал милиони

Семејството Шумахер се соочи со проблем поради поранешниот телохранител кој работел за легендарниот возач на Формула 1. Телохранителот наводно смислил…

December 3, 2024
СПОРТ

(Видео) Ѓоковиќ поради повреда го предаде мечот – Зверев прв финалист на АО

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Австралија опен, откако му го предаде мечот на Александар Зверев. По завршувањето…

January 24, 2025
СПОРТ

Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)

Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва…

December 22, 2024
СПОРТ

Серена: Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?