Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара Обвинителството да отвори предмет за Славески и двајца вицегувернери во НБРМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара Обвинителството да отвори предмет за Славески и двајца вицегувернери во НБРМ
ПОЛИТИКА

СДСМ бара Обвинителството да отвори предмет за Славески и двајца вицегувернери во НБРМ

Објавено March 24, 2026 19:32
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара Обвинителството да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за избор на вицегувернери во институцијата во законски императивниот рок.

Според партијата, во овој случај постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот.

„Бараме Обвинителството да утврди дали гувернерот со непостапување ја прекршил законската обврска и дали е овозможено незаконско продолжување на мандати. Дополнително, бараме да се утврди и дали одлуките на органите на НБРМ се донесувани во незаконит состав“,се вели во денешното соопштение од партијата.

Повикувајќи се на Законот за Народната банка, од СДСМ велат дека вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот.

„Со недоставување предлог, гувернерот директно ја блокира законската постапка и спречува Собранието да ја изврши својата уставна надлежност. Член 55 јасно утврдува дека испразнетото место мора да се пополни најдоцна во рок од два месеца по истекот на мандатот. Овој рок е обврзувачки и императивен, а не препорачлив. Непочитувањето значи директна повреда на законот и злоупотреба на службената позиција“,велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека мандатите на вицегувернерите се истечени уште во октомври 2025 година, а законскиот рок истекол во декември 2025 година, но дека и покрај тоа, тие продолжуваат да учествуваат во носење одлуки, што го доведува во прашање легитимитетот на целиот состав и на донесените акти.

Дополнително, според опозициската партијата, иако веќе биле во нелегален мандат, Славески им исплатувал плати и, како што додаваат, веројатно заедно носеле нелегитимни одлуки со што ја донеле државата во правна и финансиска несигурност.

Од партијата укажуваат дека постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, а дека институцијата функционира во спорен состав и одлуките донесени во такви услови можат да бидат правно оспорени.

„Постои и сериозен ризик од фаворизирање и нееднаков третман, бидејќи актуелен вицегувернер со истечен мандат е кандидат на истиот оглас. Ова е спротивно на начелата на законитост, правна сигурност и добро управување, утврдени во Законот за Народна банка“,велат од партијата.

Откако вчера од СДСМ го обвинија Славески дека незаконски го блокира изборот на нови вицегувернери чиј мандат истекол уште минатата година, тој денеска, повикувајќи се на Законот за Народната банка, рече дека одлуките на Советот се легитимни иако е истечен мандатот на двете вицегувернери Ана Митреска и Емилија Нацевска.

Очекува парламентот во следните денови или на почетокот на идниот месец на дневен ред да го стави изборот на новите вицегувернери.

Славески не ги откри имињата на кандидатите за оваа функција и рече дека тие се веќе во Собранието. Дел од медиумите објавија дека станува збор за досегашната вицегувернерка Ана Митреска, која ќе добие втор мандат, и за Игор Величковски, директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска вчера рече дека законските рокови за нов избор на вицегувернери се веќе пробиени, со што директно е прекршен член 55 став 1 од Законот за Народна банка бидејќи крајниот рок за избор, 22 декември 2025 година, е поминат.

Од Народната банка одговорија дека предлозите за вицегувернери, по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури, се доставени до Собранието и во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судењет за случајот „Онкологија 2“: Адвокатка казнета со 500 евра
Следна Статија Тошковски: Анакиев е фатен на дело со обележани пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стојаноски: Пензионерите за една година со ВМРО-ДПМНЕ добија 5000 денари зголемување, во наредните 8 месеци уште 2000 денари

Пензионерите за една година со ВМРО-ДПМНЕ добија 5000 денари зголемување, а во наредните 8 месеци уште 2000 денари, рече на…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош

Новиот Извештај на Европскиот парламент е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила изминатите повеќе од една деценија. Во…

June 30, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?