Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пад од 135 илјади гласови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пад од 135 илјади гласови
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пад од 135 илјади гласови

Објавено October 20, 2025 10:36
Сподели
Сподели

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, велат од СДСМ.

– Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.

За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста.

СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.

Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат, се вели во соопштението од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е целосно декласиран, да си даде оставка, го изгуби бастионот Струмица, а во Скопје не успеа да влезе ниту во втор круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција во Хиподром од каде ги најави…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Димитар Апасиев ја потврди и бетонира коалицијата помеѓу Левица, ДУИ и Данела Арсовска

Димитар Апасиев даде јавна поддршка кон Данела Арсовска за нејзините активности нарачани од ДУИ, против граѓаните на Чаир и Сарај,…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?