„Сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да дефокусира со нови спинови за името“, реагираат од СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека екс-премиерот Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче го смениле името на државата во возврат за пари.
Од СДСМ потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името.
-Цела кампања ја базираа на ова ветување. Денес се на власт – што чекаат? Зошто не ѝ кажат на меѓународната заедница дека го менуваат името, прашуваат од СДСМ.