Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова, но има и уште два други кандидати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова, но има и уште два други кандидати
ПОЛИТИКА

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова, но има и уште два други кандидати

Објавено July 16, 2025 08:49
Сподели
Сподели

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече партискиот лидер Венко Филипче.

Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со број на гласови кои би ги добила СДСМ на изборите или со број на советнички места и градоначалници.

-Даваме се од себе да ги промовираме најдобрите кандидати, да ги увериме граѓаните дека нашите кандидати имаат кредибилитет и дека ќе работат чесно и транспарентно. На скопјани сакам да им порачам дека предлогот ќе биде човек што ќе обединува, напомена Филипче.

Според него, коалиции со албанските партии во мешаните средини ќе се прават, но врз повеќе основи: принципиелност, заемно почитување, компатиблност на кандидатите и луѓето кои живеат во општините.

СДСМ, подвлече Филипче, фокус ќе стави на листата на советници.

За Струмица информира дека Марјан Даскаловски имал поголема поддршка од партиското членство во однос на Костадин Костадинов.

Филипче обелодени и дека Таравари побарал поддршка од СДСМ.

-Со Ахмети не сум се сретнал, а со Таравари имавме средба пред неколку недели кога тој не беше кандидат. Побара поддршка и сега разговараме со нашите членови во општинската организација. Ќе ја донесеме најдорбата одлука, рече лидерот на СДСМ.

Во врска со златната виза за Дубаи, Филипче и овојпат не откри со која болница преговарал. Само кажа дека има легитимно право да заработи од својата струка – неврохиругијата. Негираше дека има каков било имот, инвестиции, згради,…

-Не ви откривам ни сега, треба да бидам професионален, а дали тоа ќе влијае или не на моето реноме или како ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува во однос на тоа, какви приказни излегуваат,… Не е точно, инаку, дека сум добил возило на подарок. Вистината е дека немам бизниси, легитимно е во одреден период понатаму и да заработам од мојата струка во која сум вложил. Среќен сум што добив шанса зашто ретко кој добива таква шанса. Има точно наведени струки за кои може да добиете виза во Емиратите – лекари, инженери…, рече Филипче.

Во однос на поранешниот премиер Зоран Заев, истакна дека со него има само приватни контакти.

Заев не сака веќе да се занимава со политика, ниту има намера да се меша за били што или за какви било одлуки, дециден е Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинците ја слават Меланија Трамп: „Агент Трампенко“
Следна Статија Шкендија со многу мака го елиминира ТНС, следува Стеауа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Струмичка поезија: Во време на тишина со замислен поглед Костадинов зборувал

На фејсбук профилот на ТВ Канал Вис Струмица Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица пишува поезија. Тој се обраќа до…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Безбедноста на децата и условите за учење се обврска на секоја општина

„Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар,“…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

Георгиев разговарал со Муцунски: Софија нема други услови надвор од францускиот предлог

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, разговарал телефонски разговор македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, и го информирал…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?