Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија

Објавено October 23, 2025 13:59
Сподели
Сподели

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата на владината делегација во Велика Британија било разговарано за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.

Кузеска изјави дека, според информациите што ги добиле од Британијапрашањето за мигрантите било во фокусот на средбите со британската влада, но од македонската страна досега нема официјални информации.

„Ова е јасен знак дека повторно се крие нешто од јавноста. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со медиумот Тајмс, а за македонската национална телевизија дал само штур одговор“, рече Кузеска.

Според неа, британската влада нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тие, како што наведе, доаѓаат во пакет со разговори за кампови за мигранти.

Кузеска потсети дека Мицкоски досега неколку пати јавно негирал постоење на каков било договор поврзан со мигранти, но, како што рече, новите информации од Лондон укажуваат на спротивното.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голема полициска акција: Уапсени 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага
Следна Статија ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити…

December 13, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Власта има обврска да сподели информации

Покажуваме конструктивност по прашањето на продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал, не гледаме одговор од премиерот Христијан…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека фирма со само тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата од 74 милиони…

December 17, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: За хаосот со пензиите единствено виновна е владата на Христијан Мицкоски

Владата на Христијан Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите. Освен што ги излажа пензионерите, сега се обидува вината…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?