Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ
ПОЛИТИКА

СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ

Објавено December 20, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Опозициската СДСМ денеска остро реагираше на најновото истражување на Институтот за политички истражувања (ИПИС), нарекувајќи го „чист пропаганден потег“ на власта, а не реален одраз на јавното мислење. Реакцијата доаѓа откако ИПИС објави податоци според кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 26 отсто од гласачите, додека СДСМ е на 9,8 отсто, а премиерот Мицкоски има убедливо најголема доверба. Според социјалдемократите, овие бројки се пласираат за да се покрие „драматичниот пад на довербата во Владата“ и да се подготви теренот за предвремени парламентарни избори на пролет.

Од СДСМ тврдат дека на ВМРО-ДПМНЕ им се брза да одат на избори во март или април, по теркот на Вучиќ и Орбан, пред да се обелодени, како што велат, вистината за „мигрантите во јуни“. Партијата иронично коментира дека испитаниците во анкетата веројатно биле „жители на Белата палата“ и предлагаат доколку навистина се мери пулсот на граѓаните, требало да биде поставено прашањето: „Дали сте за тоа во Македонија да дојдат мигранти кои поради криминални дела се протерани од ЕУ, за да добиеме пари за тендери?“.

За опозицијата, зачестеното појавување на анкети на секои десет дена не е одраз на транспарентност, туку показател за паника и страв кај власта. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е во „слободен пад“ по, како што обвинуваат, воведувањето на забраната на слободата на говор и објавувањето на информациите за криминалните тендери. СДСМ заклучува дека граѓаните заслужуваат одговори зошто се форсираат вакви истражувања и дали тоа е дел од планот за брзи избори пред вистината да стигне до секој дом.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата
Следна Статија Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Галетановски си даде оставка од градската организација на СДСМ

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Според истиот…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски за да го спаси брат му се ставил над полицијата и законот

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и…

March 26, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски вети дека за 72 часа Скопје ќе блесне

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа својата прва прес-конференција од почетокот на кампањата за локалните…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?