Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: За хаосот со пензиите единствено виновна е владата на Христијан Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: За хаосот со пензиите единствено виновна е владата на Христијан Мицкоски
ПОЛИТИКА

СДСМ: За хаосот со пензиите единствено виновна е владата на Христијан Мицкоски

Објавено November 28, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Владата на Христијан Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите. Освен што ги излажа пензионерите, сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ВМРО-ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен, не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, реагираат денеска од СДСМ.

„Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите, а немаше да ја доведе во прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра. Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12 000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување“,се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека веќе има одлука на Комисијата за заштита од дискриминација која потврдува дека е сторена дискриминација и даваат рок за да направат измени на Законот кој се уште не е поднесен.

„Веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу. Со катастрофално лошите политики на ДПМНЕ дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милијарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Ова е реалноста, а се друго е спин од страна на власта“,нагласуваат од СДСМ.  

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера во Собранието, за време на седницата за пратенички прашања, рече дека Уставниот суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии.

Според Мицкоски, одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите на пензионерите веќе била потпишана од страна уставната судијка Добрила Кацарска, која пред Уставниот суд ја иницираше оваа постапка, за оцена на уставноста на последните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септември, а исто толку треба и во март идната година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп вели дека ги спречува Јужна Африка да учествува на самитот на Г20 близу Мајами
Следна Статија Пукање на две членови на Националната гарда во Вашингтон: Што треба да знаете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трајановски повеќе не е заменик на Арсовска: „Со Град Скопје и јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски информира дека поднесува оставка од функцијата.  Во подолга објава на социјалните мрежи, тој ја…

February 27, 2025
ПОЛИТИКА

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3…

November 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршил увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект што…

February 22, 2026
ПОЛИТИКА

Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?