Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок

Објавено January 26, 2026 11:53
Сподели
Сподели

Проектот ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО, се дели и веќе бидејќи е целосно маргинализирана со што заочнува планот за раситнување на опозицискиот блок.

Ова се истакнува во соопштението на СДСМ, коешто во продолжение го пренесуваме во целост:

Нивната улога (на ЗНАМ) беше за раситнување на СДСМ а сега служат само за да гласаат Закони по налог на ВМРО и да ѝ дадат легитимитет на кражбата и корупцијата преку криминални тендери.

Бидејќи ЗНАМ веќе се разитнува, ВМРО подготвува ново „движење“ кое треба да прерасне во уште една нивна сателит-партија во Македонија за да се збунат гласачите и да се ситни опозицијата.

Copy-paste сценарио преземено од Вучиќ за раситнување на опозицијата и создавање контролирани политички структури, односно контролирана опозиција.

Станува збор за т.н. Српска демократска лига, која ќе биде директна копија на Српската лига – партија со изразен проруски наратив и отворена поддршка на Русија.

Во оваа конструкција, од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни врски со СНС, со задача да ја преземе улогата која досега ја имаа ЗНАМ и Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин.

Паралелно, за уште едно движење се водат разговори и со други поединци-квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со директна финансиска поддршка од ВМРО.

Целта е едноставна и јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ.

Единствената партија што не е контролирана, за разлика од оние кои редовно одат на состаноци со власта, даваат легитимитет на тендерската коалиција и во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе се користат за притисок и следење на опозицијата.

Сега веќе е кристално јасно зошто се постојаните напади врз СДСМ, зошто се обидите за рушење на партијата и зошто црните кампањи не престануваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејства на имигранти протестираат во објект во Тексас каде што е сместен петгодишен дечко, неговиот татко е притворен во Минесота
Следна Статија Пет начини на кои инјекциите за намалување на телесната тежина ги менуваат навиките на потрошувачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да…

March 28, 2026
ПОЛИТИКА

Ваљбон Лимани прогласи победа во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар повторните избори прогласи победа во изборниот штаб пред поддржувачите и симпатизери на коалицијата Национална…

January 12, 2026
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Заедно ќе создадеме уште подобри услови за нашите најмили – дечињата во градинките

Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше на кафе-дружба со родителите на нашите најмили и најмали…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?