Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ 2.0 е за рушење на Социјалдемократскиот сојуз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ 2.0 е за рушење на Социјалдемократскиот сојуз
ПОЛИТИКА

СДСМ: Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ 2.0 е за рушење на Социјалдемократскиот сојуз

Објавено July 5, 2026 10:56
Сподели
Сподели

Денеска паднаа сите маски. Јавно, на телевизија, пред сите граѓани, челнови и симпатизери на СДСМ, Игор Ивановски-Шема призна дека платформата не е за никакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре, се вели во реакцијата од опозициската партијата на вечерашното гостување на универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во централниот „Дневник“ на телевизија Сител.

„Ивановски го призна тоа што СДСМ со месеци наназад го говори. Она што од денеска на сите членови на СДСМ им е кристално јасно е дека намерата на платформата ЗНАМ 2.0 е само во корист на ВМРО“,велат од Социјалдемократскиот сојуз.

Според партијата, ексфункционерот во име на платформата промовирал уназадување на демократијата во СДСМ, со своите ставови дека треба да се укине изборот на претседател со директно и непосредно гласање на членовите.

„Зошто некој би ја враќал партијата назад, зошто би сакал да им се укине на членовите правото на глас, директно да одлучуваат за својата партија? Како што зад затворени врати „дебатираа“ пред некој ден во скап хотел, така ли сакаат да го бираат и претседателот на СДСМ? Како некој зборува за внатрешна демократија а промовира помалку демократија? Одговорот е едноставен. Затоа што овие предавници одработуваат за Мицкоски и немаат никаква поддршка од членството на СДСМ“,велат од опозициската партија.

Оттаму додаваат дека средбата насловена „Разговори за иднината во 12:05“, Ивановски и неговите истомисленици ја одржале зад затворени врати затоа што знаат дека ќе им се случи дебакл ако излезат пред членството на партијата.

„Силата на гласот на членовите им смета на ЗНАМ 2.0. Големината на СДСМ е во секој член. За Венко Филипче на последните директни и непосредни избори гласаа над 18 000 членови. А тие на трибина донесоа луѓе од друга партија да ‘дебатираат’ за внатрешната организација на СДСМ. На сите веќе им е кристално јасно, ЗНАМ 2.0 е проект на Мицкоски, нова епизода од старата серија ЗНАМ, само во ново пакување“,наведуваат од СДСМ во реакцијата.

Оттаму велат дека партијата е силна и оти нема да успеат обидите за нејзино фрагментирање од страна на, како што ги нарекуваат, сателити и одбработувачи на Мицкоски.

„И покрај нарачените анкети, трендот на раст на СДСМ повеќе не може да се сокрие. Дури и во овие платени истражувања од власта, каде што се обидуваат да го спуштат рејтингот на СДСМ, јасно се гледа огромниот пад на поддршката за ВМРО и постојаниот раст на довербата во новото раководство на СДСМ, разликата е намалена за 4,8 процентни поени“,велат од партијата.

Новата платформа ЗНАМ 2.0, додаваат оттаму, може колку сака да зборува за пад на СДСМ, но, сите показатели, се вели во соопштението, го говорат спротивното, дека новото раководство ја вратило репутацијата и довербата кај своите гласачи и дека, и покрај сите напори да се урне партијата, таа денес е посилна отколку пред неколку месеци.

„Заедно со сите учесници во ‘Фронтот за вистина и правда’, СДСМ се враќа на местото кое му припаѓа и наскоро ќе стане најсилната политичка опција во Македонија“,порачуваат од партијата.

Универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски во вечерашното гостување во телевизија Сител, меѓу другото рече дека актуелниот лидер на партијата Венко Филипче, не може да се снајде во улогата што ја има, и тоа не од немање капацитет или незнаење, туку затоа што не сака.

Ивановски рече оти сè поочигледно станува дека потстои подземен договор помеѓу група и поединци во СДСМ и власта, за лични интереси.

На прашањето дали стравува дека може да биде исклучен од партијата, а во контекст на изјавата на Филипче дека ограните на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката и ексминистерка за одбрана Славјанка Петровска на состанокот, Ивановски рече дека тоа не можат да го направат луѓе или човек кој не е асоцијација или дел од историјата на СДСМ, алидирајќи на претседателот Венко Филипче.

Ивановски во средата ја модерирал средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Облечи ја униформата со гордост“- Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици
Следна Статија Објавена листа на најмоќни пасоши во светот: Шведска на врвот, Македонија на 78 место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година

Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори:…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се политизира Агенцијата за национална безбедност. Не гледа проблем во назначувањето на Бојан Христовски…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

Колку чини дневно одржувањето на јахтата на Филипче: За гориво 1800 евра, екипаж 500 евра…

Класична СДС матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него,…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?