Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

Објавено July 3, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ.Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел, стои во соопштението на СДСМ.

Во продолжение соопштението на партијата.

Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за оваа состојба.

СДСМ ја извојува победата во Брисел со Преговарачката рамка во која е наведен македонскиот јазик, како и со потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик – без никакви придавки, фусноти и ѕвездички. Тоа беше јасна победа за Македонија и за граѓаните, која Мицкоски никогаш не ја призна. Тој беше разочаран, молчеше и не се радуваше – сега е јасно зошто.

Во услови кога нема со што да се пофали по една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз, воден од лични интереси и потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнато од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот парламент, доведе до тоа повторно да ѝ се оспорува на Македонија идентитетот и јазикот.

Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата и самоволието, киднапирајќи ја европската иднина на државата.

Мицкоски треба веднаш да се извини пред македонскиот народ за лажните ветувања и да сноси политичка одговорност за тоа што го избриша македонскиот јазик од извештајот на Европскиот парламент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриевски: Правдата излезе на виделина, го штитев јавниот интерес
Следна Статија Енергетските компании бараат цената на парното да се зголеми за 50%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни…

June 24, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити до Таравари: Не се враќате кај народот, се враќате на црната листа

После официјализацијата на повлекувањето од Влада од страна на Алијанса за Албанците крилото на Таравари, се огласи Изет Меџити. По…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето…

November 26, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски од централниот митинг во Скопје: Нема да ве разочарам, одиме заедно до победа

Лидерот на ВМРО‑ДПМНЕ и претседател на партијата, Христјан Мицкоски, вечерва на централниот митинг во Скопје повика гласачите да ги сфатат…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?