Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ обвинува дека Владата подготвува враќање и амнестија за Груевски, Филков им одговори да не ја „замајуваат“ јавноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ обвинува дека Владата подготвува враќање и амнестија за Груевски, Филков им одговори да не ја „замајуваат“ јавноста
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува дека Владата подготвува враќање и амнестија за Груевски, Филков им одговори да не ја „замајуваат“ јавноста

Објавено November 27, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Шарлатански пристап, циркуз, мизерно однесување – беа дел од зборовите што на денешната собраниска седница си ги упатија пратеникот од СДСМ, Миле Талески, и министерот за правда Игор Филков. Обвинувањата дојдоа откако Талески поставувајќи пратеничко прашање рече дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија.

Талески упати директно пратеничко прашање до министерот за правда Игор Филков – дали Министерството поднело ново, обновено барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратеникот на СДСМ тврдеше дека во јавноста интензивно се зборува за „тивка“ работа, со поддршка од лица на највисоки функции во Владата, со цел да се создаде клима за враќање на бегалецот од правдата.

Талески истакна дека политиките на актуелната власт се „копија на матрицата на Груевски“ велејќи дека премиерот Христијан Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски, додавајќи дека тој е и негова политичка инспирација.

„Злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, АНБ, УЈП, инспекции, напад врз независни институции, политичка хајка против опозицијата, меѓународна изолација, блокирани реформи – се само копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски“,рече Талески.

Одговарајќи на обвинувањата, министерот за правда Игор Филков ја нападна опозицијата велејќи дека треба да престанат да ја „замајуваат“ јавноста.

„Треба да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап затоа што не знам што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Не е добро ниту за вас како опозиција ниту за државата да се занимавате со циркуз, а не со реална работа“,рече Филков.

За директното прашање за екстрадиција, Филков избегна одговор со „да“ или „не“ велејќи оти министерството „си ги бара сите бегалци“, но дека опозицијата „говори за политички азиланти“.

„Ова министерство си ги бара сите бегалци. Што значи дека секојпат кога ќе бидат создадени услови, повторно и повторно Министерството за правда ќе си ги бара своите граѓани“,рече Филков.

Расправата продолжи со забелешка од Талески, кој побараа министерот да биде опоменет за „мизерно однесување“.

Талески побара писмен одговор на прашањето дали и зошто Министерството за правда до овој момент нема поднесено ново барање до Унгарија за екстрадиција на Никола Груевски, укажувајќи дека Филков практично потврдил дека нема поднесено барање.

По прашањето од Миле Талески, процедурално за збор се јави пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи кој рече дека претседателот на Собранието треба да овозможи секој од говорницата доследно да се однесува кон народните избраници.

„Зборови како ‘шарлатани’ или ‘шарлатанско однесување’ може да доликуваат на идентитетот на човекот што тоа го кажува, но вие како потпретседател сметам дека треба да реагирате“,рече Битиќи и побара пауза.

Милошоски сметаше дека реакцијата за „зборот што е употребен е преувеличена“.

„Ако сакате, ќе го бараме и по толковен речник што значи по дефиниција, па ќе одлучиме заеднички“,рече Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ацевски: Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни
Следна Статија Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Муцунски по изборот во ИК: Силна и стабилна партија е предуслов за силна држава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој синоќа беше реизбран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,…

February 7, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата

Додека Бајрами и Груби ја испокрадoа Лотарија и избагаа СДС молчеше само за коалиционен мир и да ќари ден повеќе…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?