Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено December 27, 2025 15:09
Сподели
Сподели

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ, член на Извршен одбор на СДСМ

Во продолжение прес конференцијата

Како што веќе најавивме, во изминатиот период ВМРО спроведува координиран обид за уривање на СДСМ одвнатре.

Зошто?

Затоа што Антикорупцискиот тим АКТ изнесе сериозни податоци за криминал и корупција на владата на ВМРО преку тендери.

Цел еден систем, еден октопод кој е инструиран од СНС и кој во целост управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ ја спроведува оваа кампања.

Граѓаните можеа да ги видат овие обиди секој ден.

Прво имаше настапи на еден поранешен функционер. Потоа излегоа наводни иницијативи на двајца поранешни функционери кои јавно не се појавија. Па се вклучија целосно ирелевантни ликови кои одамна не се дел од СДСМ, туку завршија во ЗНАМ.

Сите во исто време, откако СДСМ се крена и АКТ почна да ги објавува доказите.

Вчера имаме и конкретен, свеж пример, имаме уште еден доказ.

Еве како функционира кампањата против СДСМ во три чекори:

1.Еден наш член, Јован Деспотовски, по неуспешното медиумско прво обраќање, ја продолжи кампањата против СДСМ во еден сериозен и релевантен медиум. Станува збор за поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на големи државни фирми, ФИТР и ТИРЗ, со големи буџети.

2.Неполни две минути по објавата на тој текст, се појавува однапред подготвен, обемен текст на истата тема на еден од добро познат портал – на Героски.

Тоа може да значи само две работи: или одговорите биле однапред испратени и координирани, или текстовите биле пишувани во директна координација со Геро.

Со тоа, тие не само што се разоткрија себеси, туку го нарушија и угледот на релевантниот медиум каде што беше објавен авторскиот текст.

Паниката ги натера да брзаат – а брзањето носи грешки.

3.За неколку часа, истиот портал објави нов текст, а доцна попладнето и уште еден текст, целосна колумна на Героски за одбрана на Деспотовски.

Сега дали е сè кристално јасно?

Ова е уште едно јавно разоткривање на начинот како функционира овој систем.

Целта е рушење на СДСМ и замолчување, да прекинеме со објавувањето на криминалот на власта.

Да бидеме јасни: Нема застанување. АКТ работи и се ќе објавиме!

СДСМ нема да се повлече. Вистината и правдата ќе победат.

Работата не е завршена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи
Следна Статија Македон освои златен медал на Германската математичка олимпијада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Хајредини: Додека во СДСМ се мешаат Заев и Ковачевски, рејтингот на Филипче ќе се намалува

На што се должи високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекори во овие сто дена донесоа зголемена поддршка кај граѓаните. Ја…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Поранешниот висок функционер на СДСМ Софија Куновска на Фејсбук „распали“ по СДСМ и лидерот Венко Филипче откако тој се пофали…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?