Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари
ПОЛИТИКА

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Објавено June 19, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне да се гради до крајот на годината, а неговата министерка за финансии Кочоска денес рече дека нема да почне да се гради ни до 2027 година?

Има ли пилот во авионот на Владата? Откако се дојдени на власт, ни самите во Владата не знаат кој што изјавува и ветува, праша СДСМ?

Комични се сите најавени проекти на Мицкоски, кој сака да прикаже дека се случува некаков инвестициски бум, кога во реалноста едвај ги сработуваат проектите почнати од СДСМ, а од нови проекти нема ни трага ни глас.

Пругата од Коридорот 10, која ја најавува Мицкоски, е таков пример – за неа нема ниту проект, но веќе се знае дека ќе чини 2 милијарди евра. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ само знае колкава ќе биде провизијата за овој проект, ама за негова сериозна реализација нема ни капацитет, ни знаење во оваа Влада.

Го прашуваме Мицкоски: Кој лаже, тој или министерката Кочоска? Како тоа се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра, а за неа нема ни еден збор на хартија или во план напишано од Владата?

Освен празни зборови и викање по митинзи, фалење со непостоечки проекти, Мицкоски за цела година ништо не сработе. Во Владата не се знае кој што зборува и што ветува – важно е да се лажат граѓаните од утро до вечер во медиумите. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?
Следна Статија Завршни зборови утре ќе дава Јовица Страшевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на…

January 11, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори. „Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието…

August 8, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на…

November 30, 2024
ПОЛИТИКА

Костова: СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори по локалните во октомври

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори доколку таква можност се отвори по локалните избори…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?