Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи
ПОЛИТИКА

СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Објавено June 12, 2025 10:43
Сподели
Сподели

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со реалноста и на страната на крупниот капитал, а не на граѓаните. Ова го велат денеска од СДСМ.

– Во своето срамно интервју на ТВ21, Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе – туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат. Трајко Славески очигледно не знае дека не се сите како него. Не се сите на државна плата, не се сите родени со функција и поврзани со елитата. Народот што секој ден се бори со инфлација, со скапа храна, со растечки трошоци, не може да живее од советите на Славески. На граѓаните им треба реална плата и заштита од кражбата на маркетите. Отпорот на Славески кон замрзнување на маржите и цените значи едно: поддршка за профитите на трговските ланци, а не за интересите на граѓаните. Со вакви изјави, јасно е дека Трајко Славески ќе биде гласноговорник на богатиот слој што живее во паралелна реалност. Македонија не смее да има гувернер кој со презир зборува за оние што живеат од минималец. Дали Мицкоски ги дели ставовите на Славеси или токму тој го инструира вака да зборува и ги потценува граѓаните? Дали поддржува гувернер кој мисли дека борбата за достоинствен живот е „извртување на значењето“? Како претседател на Советот го уништи градот Скопје, сега како Гуверер очигледно ќе ја уништува и моинетарната политика. Трајко Славески не е човекот што и треба на Народната банка, а уште помалку на македонскиот народ, велат од опозицијата преку соопштение до јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано
Следна Статија Ова се земјите со најдобар образовен систем во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата

Реакциите на Томовски за скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер (5,3 милиони евра) се епски, како на човек…

December 8, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова-потпретседатели на СДСМ, Димитријевиќ-генерален секретар

Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Менде Илиевски член на Советот…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Богдан Илиевски: Јавноста има право да знае како се одговараат прашања на „новинари“ (ВИДЕО)

Кога нема да направиш РЕЗ на снимката. Знам дека ќе ја тргаат од јутјуб, па… јавноста има право да знае…

January 30, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски објави убедливо водство во Куманово

Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден. Овој пат како…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?