Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Објавено September 25, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

Филипче нагласи дека резолуцијата е потврдена врз основа на сите досегашни стратешки документи, договори и иницијативи на Собранието и Владата, и ја поставува рамката во која сите политички субјекти и институции ќе треба да делуваат во наредниот период.

Особен акцент во документот е ставен на временската рамка за уставните измени, кои се дефинирани како последна пречка за напредок во европската интеграција.

Временска рамка за уставни измени, според резолуцијата:

Од 15 до 25 ноември 2025 година, Владата треба да се изјасни околу поднесените амандмани за внесување на бугарската и другите етнички заедници во Уставот – дали останува на истиот текст или предлага нов.

Доколку има нов текст на амандманите, тој треба да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.

Собранието треба да ја започне постапката за измена на Уставот најдоцна до 15 декември 2025 година, кога е предвидено и првото гласање.

Финалното гласање за уставните измени треба да се одржи најдоцна до 10 февруари 2026 година, кога треба да се усвои и Уставниот закон за нивно спроведување.

Истовремено, Владата ќе испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека обврските за одблокирање на процесот се исполнети, заедно со сите подготвени документи (патокази).

Очекувања од ЕУ

Со ова писмо, Владата ќе побара Европската комисија да организира Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, на која ќе се донесат одлуки за одблокирање на преговорите и отворање на првиот кластер – „Темелни вредности“. Ова, според резолуцијата, треба да се случи не подоцна од 15 февруари 2026 година.

Заштита на националните интереси

Во документот се нагласува дека македонскиот јазик и идентитетските обележја се затворени прашања и нема да бидат предмет на преговори. Се истакнува и обврската на сите државни институции да ги почитуваат досегашните документи и договори и да продолжат со интензивна работа на реформската агенда за членство во ЕУ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните
Следна Статија Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Фала, злато си, честам ручек“, му напишала Димитровска на колегата кој место неа полагал испити за највисока државна тајна

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се соочува со обвинение за кривично дело „компјутерски фалсификат“,…

April 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски

Поведена е постапка против 10 осигурителни компании заради основано сомнение дека се здружиле во картал којшто е директно на штета…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кога со Захариева преговараа за македонскиот беше нормално: Османи го боли кога чепкаат по албанскиот јазик

Бујар Османи пак е во главна улога.Поранешниот министер за надворешни работи е многу погоден што Уставниот суд се дрзнал да…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ленче Ристоска: Поднесов тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?