Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Тврдењата на Мицкоски за раст на платите се навреда за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Тврдењата на Мицкоски за раст на платите се навреда за граѓаните
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тврдењата на Мицкоски за раст на платите се навреда за граѓаните

Објавено August 16, 2025 13:34
Сподели
Сподели

СДСМ остро ги критикува изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека „платите растат по 11, 12 и 13 проценти месечно“, оценувајќи ги како навреда и потценување на македонските граѓани.

„Каде растат платите месечно по 11, 12 или 13 проценти? Според ваквите тврдења, за шест месеци би пораснале за 66%, а за десет месеци дури 110%. Реалноста е сосема спротивна. Цените растат, а платите стагнираат, граѓаните тешко врзуваат крај со крај“, наведуваат од СДСМ.

Според партијата, статистичките податоци го потврдуваат тоа: вредноста на синдикалната потрошувачка кошница од март до јули се зголемила за 3.473 денари, додека просечната нето-плата во истиот период пораснала само за 1.033 денари.

„Македонија останува четврта најсиромашна држава во Европа, а Мицкоски не поддржува зголемување на минималната плата на 500 евра. Во пракса, работниците добиваат мали примања, додека власта ужива во луксуз“, стои во соопштението.

СДСМ додава дека „тврдењата на Мицкоски за економски бум се само изговор за одржување на ниските плати и привилегиите на власта“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ги решаваме проблемите од минатото, со засилено темпо работиме на автопатот Охрид-Кичево
Следна Статија Орбан: По средбата Трамп-Путин, светот е побезбеден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче го нарече Николоски „независен аналитичар“, не направил ништо за камионџиите

Пратеникот Антонио Милошоски побара денес од амбасадорот на Кипар за Македонија , Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Сериозно работиме за формирање на една индустриска зона во Росоман

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во општина Росоман во рамки на изборната кампања…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?