Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

Објавено December 28, 2025 12:21
Сподели
Сподели

Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! Повторно со тендери, милионски, криминални. Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до нас од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк. Граѓаните ни се приклучија, заедно ја водиме борбата против криминалот и корупцијата. И како што кажавме, нема да престанеме! Одиме по ред. Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ, од денешната прес-конференција на Рената Младеновска од Извршниот одбор на СДСМ, што го пренесуваме интегрално.

Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена.

Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство.

Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација.

Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години.

Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана.

Како?

Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената.

Сомнително?

Само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски.

Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот.

Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода.

Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ.

ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата.

АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните.

Нема да запреме! Борбата против криминалот и корупцијата продолжува!

Сите ќе одговарате.

Работата не е завршена! изјави Младеновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж заврши во болница, откако му екплодирал болјер во станот
Следна Статија Грчка пратеничка кон градоначалникот на Лерин кој забрани македонски песни: Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Анкета: Граѓаните сè уште не веруваат дека СДСМ се исчистил од криминал

Според најновата анкета на МКД.мк, граѓаните на Македонија не им веруваат на тврдењата на СДСМ за борба против криминалот. Повеќе од…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска…

May 4, 2025
ПОЛИТИКА

Сценариото за сеење страв е подготвено пред месец дена во Дубаи од Филипче и менторот Заев, обвини ВМРО ДПМНЕ

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека секогаш…

June 21, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на вчерашниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?