Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

Објавено July 16, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Министерот Тошковски очигледно живее во паралелен свет кога вели дека Македонија денес е побезбедна од пред две години. Реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега – далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски, велат од СДСМ.

„Целосен распад се случува на безбедносниот апарат под водство на Тошковски. Ветуваше правда и безбедност, а сведоци сме дека државата наликува на јужноамериканско гето.

Секојдневно сме сведоци на насилство и убиства по улиците, пресметки на криминални групи и безредие . Нема ден а да нема убиство, тепачка, сообраќајка.

Преку 25 убиства и обиди за убиства има во една година, растот на криминалитетот е страшен. Граѓаните се плашат за својот живот ако шетаат по улица, за да не се случи пукање сред бел ден.

Само во Скопје, во последниве десетина месеци, на пешачки премини загинаа преку 11 луѓе. Еден човек загина под својот прозорец, во дворот, откако беше прегазен со мотор“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Косовската граница стана канал за бегство на криминалци, без никакви проверки. На градоначалничката на Скопје ѝ се закануваат физички, пред очите на полицијата. Министерот Тошковски велеше „брат да ми е ќе одговара“ – вистината е дека никој не одговара. Истрагите на полицијата потфрлаат, огромен број на нерасчистени убиства. Последното во Батинци, повторно имаме убиец во бегство. За ваква ли безбедност и ред зборува Тошковски, кога граѓаните не се чувствуваат безбедни ниту надвор, ниту дома. Министерот Панче Тошковски ја изгуби контролата врз безбедноста – МВР се претвори во хаотична институција, неспособна да го заштити народот. И наместо да понесе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ги убеди граѓаните дека се безбедни

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните
Следна Статија Дарко Јакимовски и Владимир Милошески избрани за нови обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: За сала од 50 илјади евра, Таравари потроши 750 илјади евра народни пари

Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да…

December 25, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?