Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори
ПОЛИТИКА

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори

Објавено August 8, 2025 16:18
Сподели
Сподели

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори.

„Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите.Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои ни ги доставија свиркачи Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет.Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото незаконски стекнато образование.Дали ова е награда за неа? Очигледно.

Валерија Анастасова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, според истите информации од свиркачите, ќе биде унапредена во раководител на сектор за стручно-административни работи.Христина Јованоска, сегашен инспектор, ќе биде поставена за помошник главен инспектор. Јане Николоски, исто така кадар на ДПМНЕ, ќе биде назначен за помошник раководител на сектор за односи со јавност и превод. Паралелно со ова, се распишува јавен оглас за нови вработувања во инспекторатот – исто така по партиска линија.

Партизацијата на образованието е брутална, на сите можни нивоа и со незаконски огласи за вработувања. Само во последните неколку дена, распишани се незаконски огласи за вкупно 123 работни места – наводно за образовни асистенти во училишта кои не се трансферирани во ресурсни центри.Огласите се незаконски затоа што, според Законот за средно образование, само такви установи можат да вработуваат образовни асистенти.

Незаконитостите не застануваат тука: Интервјуата за дел од огласите започнале уште пред да истече рокот за пријавување. Постапките биле координирани од директорот на „Искра“, Марјан Арсов, од странство преку приватна Viber група.

Бараме итно да се поништат овие срамни огласи и незаконски унапредувања, да се разрешат сите директори кои спровеле незаконска постапк и да се запрат партиските вработувања и унапредувања. Ова е срам за образованието, срам за институциите, срам за државата. Наместо квалитет и независност, добиваме партиска приватизација на институциите – на штета на учениците, наставниците и сите граѓани“, порачаа од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Потребен е итен самит на Русија и Европа, за да се стави крај на војната во Украина
Следна Статија Меџити: Војната на УЧК во Косово и Македонија беше праведна и разумна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

„Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје! За жал, сликата денес е поинаква – темни и небезбедни улици, сообраќаен…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ избра нов Централен одбор, ова се членовите

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Тачи: Преговорите со Али Ахмети пропаднаа

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, соопшти дека преговорите со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не довеле до резултат. Тачи изјави…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?