Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ
МАКЕДОНИЈА

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

Објавено September 5, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Ова следи откако пратеникот Љупчо Пренџов како член на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Eвропскиот фронт да закаже итна седница по што претседателот на Комисијата Скендер Реџепи рече дека додека е претседател и дискриминиран нема да свика таков состанок.

  • Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, изјави Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикале силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

  • Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Реџепи потенцира дека тој не може да присуствува на таква седница бидејќи информациите се класифицирани, а тој нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал уште во ноември или декември минатата година.

  • Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува на една таква Комисија или таков претрес во службите. Пред една година имам поднесено барање за безбедносен сертификат. Сметам дека тоа е дискриминација, истакна Реџепи.

Порача дека претседателот на Собранието има можност да свика седница на Комисијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Последното танго на Меси: Со два гола ја сруши Венецуела (ВИДЕО)
Следна Статија Десетте модни заповеди на Џорџо Армани: „Да изгледаш секси е прашање на самодоверба“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Густа магла и видливост до 50 метри на Плетвар

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар, соопшти вечерва Јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информират дека…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Протоколот со кој Бугарија може да нѐ блокира кога ќе посака оди на Уставен суд

Поранешната пратеничка Лилјана Поповска поднесе до Уставен суд Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

За двајца министри за економија се запира постапката за пожарот во Кочани

Постапката се запира за 11 физички лица поради немање доволно докази за пожарот во Кочани, а во понатамошниот дел може…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Ново депо на пајак-службата на 2250 м² со нови куќарки, видео надзор и контролни рампи

Новото депо на пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – Скопје ќе започне со работа од 17 март на…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?