Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп
ЗАБАВА

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Објавено June 9, 2025 20:02
Сподели
Сподели

Седумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот Митикас, на надморска височина од 2917 метри, на „планината на боговите” Олимп.
Искачувањето се реализирше во соработка со планинарскиот клуб „Хајкинг” од Скопје, заедно со 36-члена екипа планинари.

Задоволен сум што со успех го искачивме врвот Митикас, поминувајќи 21километар од стартот до врвот. Ѝ благодарам на мајка природа што ни даде прекрасен сончев ден и ни дозволи за да ја реализираме со успех дадената задача, една од потешките акции во планинарството. На патеката имаше и остатоци од снег, но сепак, временските услови беа идеални и сите 36 учесници се искачија на врвот. Јас бев најстар со своите полни 78 години, а ова ми беше трето искачување, рече Костовски.

Тој посочи дека првпат на Олимп се искачил во 1990 година, кога водел 10 члена од Планинарското спортско друштво „Руен” од Крива Паланка.

-За последните три години веќе два пати успешно се имам искачено на „Планината на боговите”. Младите секогаш беа покрај мене и на нив им пренесував дел од моето долгогодишно искуство. За мене тоа беше големо задоволство, рече Костовски.

Тој со активно спортско планинарење се занимава од 1987 година, од кога е член на планинарско друштво „Руен” Крива Паланка.

–  Од првиот ден ја прифатив улогата како водич и сѐ до напуштањето на друштвото пред 15 години, од кога сум активен член на планинарско – спортски клуб „Калин Камен”. Бидејќи новото друштво немаше водич, јас ја прифатив таа улога за да може друштвото да се регистрира и до денес сум водич. Пред неколку години друштвото доби лиценциран водич. Јас сега сум помошник на Тасевски Соцко. Меѓутоа се случува планинарски друштва да ме бараат за да ги водам по Осоговските планини. Последна група планинари ми беа гости од Сомбор и Куманово, планинаревме  во зимски услови од езерце преку Калин Камен,  1884 метри, Царев врв –   2085 метри надморска височина, Сокол 1917, до Руен 2252, надморска височина, а моето долгогодишно искуство секогаш се обидувам да го пренесам на помладите, додава Костовски.

Тој го презентираше 40- годишното планинарско искуство преку книгата „40 години активно планинарење”. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници
Следна Статија „Супорт Кочани“: Не сакаме да бидеме дел од политичка реторика и препукувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Приватниот авион на Новак Ѓоковиќ (ФОТО и ВИДЕО)

Само во еден ден Новак Ѓоковиќ прелета 13.300 километри и тоа од Доха до Буенос Аирес за да се прости…

December 3, 2024
ЗАБАВА

„Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)

Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи. Додека „војните за лежалки“ продолжуваат…

July 7, 2025
ЗАБАВА

Најуспешните луѓе се родени во овој хороскопски знак: Небото е нивна граница, сè што ќе допрат се претвора во злато

Некои луѓе сонуваат големи соништа, а некои луѓе едноставно ги остваруваат. Додека некои сè уште го составуваат својот список на…

April 26, 2025
ЗАБАВА

Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?