Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани

Објавено March 17, 2025 08:38
Сподели
Сподели

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје.

Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа.

– Секој да се придржува до одлуката бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на Министерството за огромната несреќа која се случи, соопшти владината прес-служба.

Од Владата изразија сочувство до семејствата на жртвите во овој трагичен настан.

– Не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба. Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот. Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста, се наведува во соопштението од Владата.

Сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на оваа недела се откажуваат, информира Министерството за култура и туризам.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување. Иинформира дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отвораат вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вчера преку соопштение им укажа на медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост.

– Медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на деновите на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи по нивното завршување. Воедно, до завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации, наведуваат од АВМУ.

За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Агенцијата ги повикува медиумите да продолжат да известуваат професионално, да внимаваат на достоинството на жртвите, повредените и нивните семејства и при информирањето да користат проверени извори и релевантни соговорници.

Пожарот во дискотеката во Кочани настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Искрите го зафатиле таванскиот дел од лесно запалива материја, по што пожарот брзо се проширил низ целата дискотека, создавајќи густ чад. МВР информираше дека на 16 март 2025 година околу 2:35 часот од полициски службеник од ОВР Кочани, кој во моментот постапувал по план за контрола на угостителски објекти во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Полициска станица Кочани е добиено информација дека во дискотеката избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК.

Веднаш по добивање на информацијата, дежурната служба во Полициската станица Кочани ги известила Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, кои за краток временски период пристигнале на местото и почнале да даваат прва помош и да вршат евакуација на присутните.

– Според првичните информации со кои располагаме, пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои што биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Во моментот на активирање на т.н прскалки, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запалива материја, по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ чад. За краток временски период на лице место пристигнати се служби од противпожарните служби и Итна медицинска помош од соседните градови кои се вклучиле во помош на повредените а веднаш се активирани хеликоптери на МВР кои се вклучиле во транспорт на повредените до скопските клиники, изјави вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во текот на вчерашниот ден, сочувства до семејствата изразија претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министри,… Сочувство изразија и ЕУ, амбасадите на САД и на Русија, како и други држави од регионот, Европа и светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани
Следна Статија Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Велес, коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори“

Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој почина на 54-годишна возраст. „Почивај во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Македонија

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите…

May 30, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?