Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седуммина биле повредени од пиротехника за време на новогодишната ноќ, од кои пет се деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Седуммина биле повредени од пиротехника за време на новогодишната ноќ, од кои пет се деца
ХРОНИКА

Седуммина биле повредени од пиротехника за време на новогодишната ноќ, од кои пет се деца

Објавено January 5, 2026 18:40
Сподели
Сподели

За време на новогодишната ноќ седум лица побарале лекарска помош откако се здобиле со повреди и изгореници од употреба на пиротехнички средства. Оваа информација денеска ја споделија министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска.

Директорката рече дека во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за пластична хирургија биле примени двајца возрасни пациенти што имале индиректни повреди со кои се здобиле додека земале пиротехнички средства од малолетни деца.

На Клиниката за детска хирургија, додаде Ѓоргиевска-Павловска, биле примени две деца, од кои едното е со посериозни повреди, но се пуштени на домашно лекување.

Министерот за здравство Алиу, пак, посочи дека за време на новогодишната ноќ било интервенирано кај седум лица, од кои двајца се возрасни и пет се деца, поради посериозни повреди на врвовите на прстите.

„Извршена била ампутација на дел од прсти кај некои граѓани, а имало присутни и со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија. Овие седум интервенции се потсетник дека за секоја повреда следуваат процес на лекување и трајни последици“,рече Алиу.

Според него, фактот дека меѓу повредените има деца, кај дел од кои била потребна ампутација, доволно зборува за тежината на последиците врз здравјето. Затоа, рече тој, упатувам посебен апел и до родителите да не дозволуваат пиротехника во рацете на нивните деца и празниците да ги завршат со насмевки, а не во хируршки сали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
Следна Статија СДСМ: Власта го отвора спорот за јазикот со Бугарија за да кочи ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец ја нападнал својата 68-годишна мајка

На 22.09.2025 во 00:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода…

September 22, 2025
ХРОНИКА

Автобус на ЈСП удри во пешак

Пешакот Н.С. (70) вчера беше тешко повреден откако во него удри автобус на ЈСП на крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“…

March 1, 2025
ХРОНИКА

22-годишник од Битолско се пријавил во полиција дека прегазил малолетник

Во врска со настанот – сообраќајна несреќа во Битола – од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Член на Десна разговарал со Палчо на денот кога била убиена Вања на Телеграм, ама комуникацијата веднаш се избришала

Зоран Петковски, поранешен полицаец, член на партијата Десна рече дека на денот кога е убиена Вања разговарал со Палевски во…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?