Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола – двајца биле малолетници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола – двајца биле малолетници
ХРОНИКА

Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола – двајца биле малолетници

Објавено February 11, 2026 21:08
Сподели
Сподели

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници.

-Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.

Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол за заеднички придонес за побезбеден сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Eве колкави се премиите за медал на ЗОИ
Следна Статија Мицкоски: Реконструиран локалниот пат село Корешница – село Челевец во Демир Капија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст. Минов во два мандати…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Со 1400 евра е казнета фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“

Фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“ е казнета со 1.400 евра Агенцијата…

May 7, 2026
ХРОНИКА

Пијан кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева

Во СВР Куманово во ноќеска во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Деветмесечно бебе донесено починато во болницата во Велес

Во СВР Велес, од Општа болница Велес на 23.07. во 8,30 часот било пријавено дека на Детското одделение било донесено…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?