Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта
ЗДРАВЈЕ

Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Објавено March 6, 2025 21:18
Сподели
Сподели

Симптомите на покачен шеќер во крвта лесно може да се игнорираат, погрешно да се сфатат или да се занемарат.

Тоа е особено случај кај дијабетесот тип 2 кој може да остане непрепознаен долги години.

Многу луѓе со благо до умерено висок шеќер во крвта, особено во предијабетес или раните фази на дијабетес тип 2, може да немаат никакви очигледни симптоми“, истакнува за Eating Well диететичарката Џеки Топол.

Додава дека покачениот шеќер во крвта се развива постепено. Во раните фази често не е доволно сериозен за да го препознаат класичните симптоми.

Група диететичарки издвоија за Eating Well најчести симптоми на дијабетес на кои сите треба да обрнат внимание.

Постојано сте жедни и често мокрите

Со високиот шеќер во крвта овие симптоми често одат рака под рака. Причината е таа што вишокот шеќер во крвта резултира со тоа што бубрезите работат посилно за да го исфрлат, појаснува диететичарката Марија Елена Фрага.

Додава дека бубрезите повлекуваат вода од вашите ткива за да ја разредат глукозата, која може да се излачи со урината, што резултира со почесто одење во тоалет. Тој губиток на вода и електролити ја зголемува жедта, па продолжувате да пиете повеќе. Ако пиете дополнителни засладени пијалаци како сок, спортски напитоци и газирани пијалаци, вашиот шеќер во крвта може да порасне уште повеќе.

Постојано сте гладни

Фрага додава како еден од можните симптоми е и постојаната глад. „Вашето тело ја претвора храната што ја јадете во глукоза, која подоцна се користи за енергија“, појаснува таа. Понекогаш глукозата не може да влезе во вашите клетки. Тоа може да се случи бидејќи телото не може да произведе доволно хормон инсулин потребен за транспорт на глукозата во клетките или инсулинот што го произведува не е ефикасно искористен.

Како резултат на тоа, настанува „неможност за користење на глукозата што предизвикува недостаток на енергија, што може да ве направи погладни отколку обично“, додава Фрага за Eating Well. Прекумерната глад проследена со губење на тежина може да биде знак на дијабетес, особено дијабетес тип 1. Ако јадете доволно, но сè уште сте постојано гладни и губите на тежина, важно е да ве прегледа лекар.

Имате заматен вид

Високиот шеќер во крвта може да влијае на малите крвни садови во очите, што резултира со заматен вид кој доаѓа и си оди, понекогаш и долго пред да се дијагностицира дијабетес. Со текот на времето тоа може да ја оштети мрежницата на окото, што доведува до состојба позната како дијабетичка ретинопатија.

Постојано сте уморни

Како што пренесува Eating Well, недостатокот на инсулин, инсулинската резистенција или комбинација на двата фактори може да спречат клетките да земат глукоза од крвта за енергија. Без соодветна енергија, може да се чувствувате многу уморни и исцрпени.

Имате чести инфекции на уринарниот систем

Истражувањата покажуваат дека речиси 40 проценти од лицата со дијабетес имаат инфекции на уринарниот систем. Тоа се случува бидејќи телото се обидува да го елиминира вишокот шеќер во крвта со зголемување на излачувањето на урина. Иако тоа може да помогне во намалување на шеќерот во крвта, исто така може да доведе до зголемување на растот на бактерии кои предизвикуваат инфекции на уринарниот систем.

Имате проблеми со темни дамки и кожни израстоци

Темните дамки во прегибите на кожата, како вратот, пазувите, прстите и препоните, може да бидат знак на дијабетес познат како acanthosis nigricans. Тоа го предизвикуваат високите нивоа на инсулин, а како што објаснува Фрага, тоа може да биде ран знак на предијабетес, дијабетес или инсулинска резистенција.

Меѓутоа, тоа не се единствените проблеми со кожата поврзани со високиот шеќер во крвта. Кожните израстоци, дерматитис, бактериски и габични инфекции, како и сува, чешлива кожа исто така може да бидат скриени знаци на висок шеќер во крвта.

Други симптоми може да укажуваат на покачен шеќер во крвта

Нема сите да имаат исти симптоми, а некои се почести од други. Губење на коса и сува кожа, гадење, рани кои не заздравуваат, трпнење во прстите и прстите на нозете и сува уста се други симптоми на висок шеќер во крвта, вели диететичарката Мери Елен Фипс. Тука се и сексуалните проблеми, како губење на либидото или еректилна дисфункција кај мажите и вагинална сувост кај жените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српската опозиција иста како СДСМ во 2017 година: Сакаат без да победат на избори да дојдат на власт
Следна Статија Kaде се наоѓало „кангуто“ на Палчо ноќта пред да биде убиен Панче Жежовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

АХВ: Уништени месо, јајца, бои, мед во вонредните контроли пред Велигден

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници.…

April 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема утврдено пропусти при лекувањето на детето од Свети Николе, кое почина на Детска клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина…

January 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа. – На…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?