Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој кој ги рекетира македонските граѓани ќе се соочи со кривичен прогон, вели Тошковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секој кој ги рекетира македонските граѓани ќе се соочи со кривичен прогон, вели Тошковски
МАКЕДОНИЈА

Секој кој ги рекетира македонските граѓани ќе се соочи со кривичен прогон, вели Тошковски

Објавено May 15, 2026 10:20
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин.

Тошковски ова го истакна во „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ обвини дека „премиерот и обвинителот се договарале по телефон за предмети и тек на истрага.

Лично познавајќи го премиерот, сигурен сум дека никогаш не би влегол во рамки на одредени комуникации кои би биле незаконски, а камоли, пак, во насока да влијае на кој било обвинител, конкретно дали треба да постапува вака, така или не знам како. Никогаш тоа не би го сторил нашиот премиер. Така што, не верувам дека е направена каква било конкретна неправилност при која било дејност што ја презел во насока на комуникација со јавниот обвинител. Претпоставувам дека сакал да добие изворна информација за она што ја шокираше целокупната македонска јавност, како прв човек на Владата, претставник на македонските граѓани, навистина не гледам ништо спорно во тоа – рече Тошкоски.

Тој додаде дека има механизми во системот, доколку се увиди дека има некакво нарушување на принципите на работа во Обвинителството, давајќи го примерот на поранешниот обвинител Љубомир Јовески со супензијата на поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Ќе видиме како ќе се развива таа работа – нагласи Тошкоски.

Тој истакна дека во државата нема заштитени и недопирливи, без разлика од каде доаѓаат, од власта или опозицијата.

Дури и кога станувало збор за структури, да речеме, и луѓе кои се блиски до владејачката гарнитура. Напротив, мислам дека премиерот сака да покаже пример дека конечно времето на селективност, неказнивост и прогледување низ прсти на своите е завршено. И мислам дека со сите оние постапки што ги спроведовме во изминатиот период, токму тоа и го покажавме. Без оглед дали некој е близок функционер, без оглед дали е некој во рамки на одредена организациска единица блиска до некого, без оглед дали е директор кој доаѓа од редовите на владејачката коалиција или, пак, менаџер на одредена институција, мислам дека покажавме апсолутна неселективност. Нема заштитени. Не од страна на работењето на Министерството за внатрешни работи. Заради тоа и анкетите на граѓаните, кои ја оценуваат борбата против корупцијата кога говориме за Министерството за внатрешни работи, се многу поразлични отколку кога говориме, на пример, за Јавното обвинителство – рече Тошкоски.

На прашањето за повикувањето на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и уште две лица на службен разговор во СВР Скопје, по кривична пријава од Министерството за земјоделство за злоупотреба на службената положба, Тошкоски истакна дека не сака да навлегува во детали за случаи кои се во предистрага.

Не би сакал, како и во сите останати предмети, особено во рамки на предистрага, да навлегувам во детали за случаите. Да им оставиме на институциите да си ја сработат работата. Но, не би се согласил дека исклучиво само функционери од претходната власт се предмет на кривичен прогон. Особено не оние што ги рекетираат македонските граѓани. И како што покажавме во изминатиот период, и постојни судии, и директори на здравствени институции, на земјоделски институции, на какви било институции во државата, може да бидат предмет на кривичен прогон, особено, пак ќе повторам, доколку рекетираат во име на македонските граѓани – рече тој

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го продлолжи договорот: Бразил верува во Анчелоти без разлика на исходот на СП
Следна Статија Ова е десертот против пад на имунитетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Усвоени предлози за измени и дополнувања на седум закони за проверка на лиценците двапати годишно

Владата денеска усвои предлози за измени и дополнувања на седум закони во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за номинацијата на Лутник: Како Влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот, тоа ќе значи позитива и за македонската економија

Господинот Хауард Лутник беше овде во Скопје во Владата каде разговаравме за многу теми. Имаме лично пријателство и очекувам само…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КОЦЕВСКИ Обвинителот Цветановски тврди дека државниот обвинител грубо ја злоупотребил својата функција

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, против кого е поведена дисциплинска постапка, во изјава за Република тврди дека постапката иницирана од…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?