Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој петти жител на Германија размислувал за емиграција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Секој петти жител на Германија размислувал за емиграција
СВЕТ

Секој петти жител на Германија размислувал за емиграција

Објавено January 10, 2026 18:03
Сподели
Сподели

Секој петти жител во Германија изјавил дека размислувал да ја напушти земјата, покажува анкетата на Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата, пренесува ДПА.

Меѓу анкетираните, 21 отсто посочиле дека размислувале за емиграција. Кај Германците без мигрантско потекло тој дел изнесува 17 проценти, додека оние кои самите имигрирале во Германија имаат двојно поголеми шанси да размислуваат за напуштање на земјата (34 отсто).

Најчест мотив е надежта за подобар живот, што го навеле речиси половина од оние кои размислуваат за заминување. Лицата со мигрантско потекло често ги наведуваат и случаите на дискриминација како причина.

Сепак, конкретните планови за емиграција се ретки: само 2 проценти имаат намера да се преселат во странство во рок од една година.

Според податоците на Федералната статистичка служба, во текот на 2024 година Германија ја напуштиле 1,2 милиони луѓе.

Во истражувањето се забележува дека во јавните дебати за имиграцијата често се занемарува фактот дека луѓето редовно си заминуваат од Германија – тенденција која влијае врз демографскиот развој и недостигот на работна рака во земјата.

Највисока склоност кон емиграција е забележана кај лицата со семејни врски во Турција, Блискиот Исток и Северна Африка (39 отсто), по што следуваат имигрантите од поранешниот Советски Сојуз (31 отсто) и други земји од ЕУ (28 отсто).

Истражувањето опфатило 2.933 лица и било спроведено од летото 2024 година до летото 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие знаци се плашат од промени
Следна Статија Откријте илјадници носталгични игри со оваа конзола за само 85 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Ќе ја тужиме ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено…

November 14, 2025
СВЕТ

Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во…

August 22, 2025
СВЕТ

Во Гермaнија има 2500 џамии

Бројот на џамии во Германија се искачи на 2500. Поголемиот дел се наоѓаат во западниот и централиот дел на земјата,…

October 15, 2024
СВЕТ

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена

САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?