Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој трети граѓанин во земјава дал мито
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секој трети граѓанин во земјава дал мито
МАКЕДОНИЈА

Секој трети граѓанин во земјава дал мито

Објавено December 4, 2025 15:28
Сподели
Сподели

Секој трети граѓанин во Македонија дал одреден вид мито за да му се заврши некоја работа. Ова го покажуваат податоците на најновниот извештај за проценка на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, чиј мал дел изнесе денеска директорот на МЦМС, Александар Кржаловски на настанот посветен на Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 декември и најави дека деновиве ќе биде објавено истражувањето во целина.

Кржаловски во своето обраќање пред присутните на настанот истакна дека она што го измериле во најновниот извештај е дека за разлика од изминатите години кога корупцијата е перцепирана како топ проблем во општеството, сега таа е на второ место.

Коруцијата е тежок проблем, кој е широко распространет и за жал доста прифатен, рече Кржаловски.

Забележано е влошување на коруптивниот притисок за разлока од претходниот извештај, кога се бележи, пад. Според податоците во последниот извештај, како што посочи Кржаловски, на 37 проценти од граѓаните им било побарано мито, а 31 отсто од нив дале одреден вид мито за да им се заврши некоја работа.

-Коруцијата е тежок проблем, кој е широко распространет и за жал доста прифатен, рече Кржаловски. 

Судиите и јавните обвинители како личности се на дното на листата на доверба, а на дното е и судско-обвинителката фела, како институција, додека тука довербата во пратениците и политичарите не е мошне висока, но довербата во Парламентот како институција е на високо ниво.

Во однос на довербата во институциите, кои се борат против корупцијата, Кржаловски рече дека ДКСК останала на истото ниво од 32 отсто, додека зголемена е довербата во Министерството за внатрешни работи на 50 отсто.

Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија ја посочи континуираната поддршка што ЕУ и ја дава на земјава во борбата против корупцијата и владеењето на правото, но посочи дека и покрај европската поддршка оние кои се клучни во процесот се политичките лидери.

null

– Борбата против корупцијата бара силна политичка заложба и континурана работа, почнувајќи од највисокото ниво па понатаму, во целиот политички спектар, во сите институции, во целото општество, додаде тој.

Нупнау истакна дека ниту една земја не е имуна на корупција, имајќи го предвид последното случувања во ЕУ.

Деновиве беа поранешната потпретседателка на ЕК и поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, која ја водеше Европската служба за надворешни работи (EEAS) од 2014 до 2019 и Стефано Санинo, поранешен генерален секретар на EEAS поради сомнение за корупција.

Нупнау напомена дека и членките на ЕУ постојано бараат нови модалитети за справување со овој феномен и најави дека се подготвува нова директива за зајакнување на справувањето со корупцијата.

-Владеењето на правото и борбата против корупцијата се фундаментите за членство во ЕУ, рече тој и се осврна на последниот извештај на ЕК, во кој, како што рече нема прогрес во борбата против корупцијата и оти тоа за земјава се евидентира трета година по ред.

По изборите, додаде тој, потребно е во земјата да се види прогрес во спроведување на реформите, да се усвои нов Кривичен законик, да се почитуваат меѓународните стандарди во оваа сфера.

-Политичките актери не треба да се мешаат во правосудството, додаде Нупнау и истакна дека е потребно да се овозможат доволно средства за судовите, обвинителствата и останатите помошни тела со цел ефикасно да ја работат својата работа. 

Швајцарскиот амбасадор, Кристоф Зомер истакна дека корупцијата останува во фокусот на загриженост, тоа е општествен феномен што го попречува одржливиот развој.

-Борбата против корупцијата налага системски пристап. Длабоката корупција придонесува граѓаните да немаат доверба во институциите. Во изминатите години е забележан одреден напредок, но неопходни се коренити промени за изградба на механизми за спречување на оваа појава, рече Зомер.

Тој потсети на препораките и забелешите на ЕК во извештајот за земјава во областа на борба против корупцијата и организираниот криминал.

null

Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром нагласи дека неговата држава е силно посветена на потребата од постојано справување со корупцијата.

-Коруцијата е болест на општестото, таа ги цеди јавните ресурси од здравството, образованието, од реформите, од подобриот живот и потоа младите луѓе може својата иднина да ја бараат на друго место. Исто така ги цеди ресурсите од инвестирањето, луѓето, економијата, иднината. Исто така ги цеди животот, енергијата и вербата во институциите и затоа суштински е сето ова да не се прави парцијално или еднаш во годината, рече Сулстром.

Шведскиот амбасадор нагласи дека секој ден треба да биде ден на борба против корупцијата..

Шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон истакна дека е лесно да се говори теоретски и оти за ефикасна борба против корупцијата се потребни личности кои во пракса ќе ги туркаат процесите.

Тој нагласи дека Мисијата на ОБСЕ работи на повеќе нивоа и со локалните власти и со централната, но и со сите останати општествени актери со цел да се овозможи интензвирање на борбата против корупцијата, како еден инклузивен процес. Мошне е важно, додаде тој, да се работи со луѓето во институциите во однос на заштита на интегритетот, бидејќи, како што посочи доколку во една заедница, сите полицајци работат добро, а еден не работи, тогаш граѓаните ќе имаат перцепија дека полицијата не работи добро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица
Следна Статија Костадинов: Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело за набавката на електричните автобуси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Владата најавува инвестиција во еколошки превоз.  Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање.…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?