Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата
ПОЛИТИКА

Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата

Објавено October 30, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на „Вреди“, Изет Меџити, дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта.

„Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од владата – НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ – НЕ“, напиша Села на Фејсбук.

Тој вели дека политичките достигнувања ги мери врз основа на придонесот за рамноправност на Албанците, а не врз основа на интересите на власта.

Села предупредува дека работата во парламентот ќе продолжи како и секогаш, лице в лице со Владата, за да се заштитат интересите на граѓаните Албанци.

Вицепремиерот и еден од лидерите во коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, во изјава за ТВ21 не ја исклучи можноста политичари од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, меѓу кои и Зијадин Села и неговото крило на Алијанса за Албанците, да станат дел од Владата.

Неодамна висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во брифинг за „Слободен печат“ навести дека е можно Алијанса предводена од Села, по локалните избори да стане дел од власта. Но и тогаш извори од Алијанса за „Слободен печат“ изјавија дека нема никакви сигнали ниту контакти помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата предводена од Села за влез во Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа
Следна Статија Сиљановска Давкова: Во Договорот со Бугарија нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година

Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори:…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Фетаи: Од 50 функционери на АА во Владата само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат работите! АА е дел на Владата

„Од 50 функционери на АА во Владата, само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат своите функции! АА…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мартин Костовски: Куманово заслужува чесна, одговорна и развојна власт

Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски,се наведува во соопштението од СДСМ од прес-конференција…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?