Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Селекцијата на кандидати и изборот на нов претседател на ДКСК ќе почне по локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Селекцијата на кандидати и изборот на нов претседател на ДКСК ќе почне по локалните избори
МАКЕДОНИЈА

Селекцијата на кандидати и изборот на нов претседател на ДКСК ќе почне по локалните избори

Објавено August 13, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата на денешната седница формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако оставка од функцијата во оваа институција неодамна поднесе првата антикорупционерка Татјана Димитровска.

Претседателот на матичната собраниска комисија Ѓорѓија Сајкоски на денешната седница информира дека формираното тело за селекција на кандидати за нов претседател на ДКСК ќе почне со работа по завршувањето на локалните избори. Тој ова го кажа читајќи го одговорот што Антикорупциската комисија го доставила до парламентот како одговор на барањето за мислење за натамошното водење на постапката.

Оттаму посочиле дека согласно Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ДКСК нема надлежност да дава мислења или согласности по доставените барања од државните и локалните органи во текот на изборниот процес од денот на распишување на изборите.

„Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК нема надлежност да дава мислење, согласност по доставените барања за мислење за постапување на органите на државна и локална власт и други државни органи основани согласно со Устав и закон – фондови, агенции, дирекции, јавни претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата во текот на изборниот процес. ДКСК дејствувајќи превентивно дава укажување до сите засегнати страни дека од денот на донесување на одлуката за распишување на локални избори до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на Советот, односно до конституирање на Советот на општините и Градот Скопје, е потребно да се почитуваат забраните утврдени во член 8а и 8б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, при што постапувањето е на одговорност на одговорните лица на субјектите. Со ова, како Комисија сакаме да укажеме на Комисијата за селекција дека нејзината работа ќе продолжи по завршување на изборите на 3 ноември“,се вели во одговорот на ДКСК што на денешната седница на матичната собраниска комисија го прочита Сајкоски.

Инаку, седумчленката комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК е во состав на:

Илбер Руфати – заменик-народен правобранител;
Дарко Аврамовски – претставник на здружение/фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото и борба против корупцијата;
Бардил Јашари – претставник на здружение/фондација назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество;
Бојан Стојаноски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ;
Саранда Имери-Стафаи – пратеничка од ВЛЕН;
Митко Трајчулески – пратеник од СДСМ;
Арбана Пашоли – пратеничка од Европскиот фронт.

Досегашната прва антикорупционерка Татјана Димитровска поднесе оставка на 25 јули откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“. Обвинета е за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УНИЦЕФ со пофалби за новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата
Следна Статија Стомачен вирус хара во Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца

Над илјада и двесте киограми месо, јајца, мед, ракија и маслиново масло, но и други производи уништила Агенцијата за храна…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа оставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот

Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа,…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи

Денес Скопје е домаќин на една важна посета, присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Саше Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?