Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство нека се јават на ОВОЈ БРОЈ- Ќе се обезбеди превоз и сместување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство нека се јават на ОВОЈ БРОЈ- Ќе се обезбеди превоз и сместување
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство нека се јават на ОВОЈ БРОЈ- Ќе се обезбеди превоз и сместување

Објавено March 17, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Службата за општи и заеднички работи при Владата изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните.

-Ги повикуваме семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070270370. Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош. Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, информираат од СОЗР.

Покрај напорите за хуманитарна помош, владината портпаролка Марија Митева информираше дека на утрешната владина седница ќе официјализираат одлука за организирање и обезбедување на сместување на семејствата на повредените, кои во моментов се хоспитализирани во други земји.

-Во овие моменти семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања кога им се најпотребни на нивните најблиски. Затоа владата ќе ја преземе одговорноста за покривање на трошоците за транспорт и сместување, обезбедувајќи семејствата да бидат покрај своите најблиски. За да го олесниме овој процес, позади мене е број за контакт каде ги повикуваме членовите на семејството да ги контактираат за сите потребни детали и координација. Ги повикуваме сите семејства да ја користат оваа линија за да можеме ефикасно да ја организираме поддршката што им е потребна, рече Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Граѓаните ја демолираат куќата на градоначалникот
Следна Статија Екс министерот Крешник Бектеши го носат на распит во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Искрените детски прегратки ми го окупираа срцето

Целосно ме разоружаа искрените детски прегратки, што со љубов ми го окупираа срцето додека им ги врачував новогодишните пакетчиња, вели…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа формирање Анкетна комисија што ќе ги разгледува трагедиите во Кочани, модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“

Со 84 гласа „за“, без воздржани и „против“, Собранието денеска во рамките на 72. пленарна седница донесе одлука да основа…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?