Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи
ЗАБАВА

Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи

Објавено April 24, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Кашмира Булсара (73), сестрата на легендарниот Фреди Меркјури, наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин затоа што ги продавала личните работи на Фреди, пишува „Д Сан“.

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувала на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите.

„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, вели изворот.

Меѓу предметите кои наводно ги купила Кашмира се џубокс, елекот со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната „Овие се деновите од нашиот живот“ и осум страници работни верзии на текст.

Мери и Фреди се запознале во 1970 година, кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди и признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери негова сопруга. Тие останале во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот
Следна Статија Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Тејлор Свифт ја исвиркаа на „Супер Болот“, Трамп и фаќаше сеир

Тејлор Свифт се појави на Супербоул финалето во американски фудбал, како поддршка за своето момче Тревис Келце – играч на…

February 10, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Мачка залута во Белата куќа: Софи дојде непоканета на прес-конференција

Сива мачка со ремче и ознака со име „Софи“ залута во градината на Белата куќа. Откако во петокот наутро мачката…

April 19, 2025
ЗАБАВА

Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот…

June 17, 2025
ЗАБАВА

Се ожени Кијану Ривс- со Александра тајно се венчале во Европа (ФОТО)

Холивудската ѕвезда Кијану Ривс (61) и уметницата Александра Грант (52), според извори блиски до двојката, тајно се венчале за време…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?