Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!

Објавено February 15, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гласноговорник за Фросина. Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме, вели Росица Кулакова, сестра на преранозагинатата Фросина.

Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука, вели таа и објасни каде и зошто утре ќе поминат луѓето кои протестираат.

16.30ч пред Универзална Сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

17.00ч пред Влада ( извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.
Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

17.45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен

Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!
ПРАВДА ЗА ФРОСИНА, објави сестрата на Фросина Кулакова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Огромен Грбав кит проголта и исплука кајакар во близина на брегот на Чиле
Следна Статија Ова е просечната плата во Германија за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мобилните телефони забранети во училиштата на Општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?